Samsung NZ84C6058FK/U1

User Manual - Page 786

For NZ84C6058FK/U1. Also, The document are for others Samsung models: NZ84C6058FK

PDF File Manual, 884 pages, Download pdf file

Loading ...
Loading ...
Loading ...
4 Македонски


По употреба, исклучете го елементот плоча за готвење со
неговата контрола и не потпирајте се на детекторот за
тави.
Уредот не е наменет за управување со помош на надворешен
тајмер или посебен систем за далечинско управување.
ВНИМАНИЕ: Процесот на готвење треба да биде под надзор.
Краткорочниот процес на готвење треба постојано да биде
под надзор.
Уредот не смее да се поставува зад украсна врата за да се
избегне прегревање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот и неговите достапни делови се
вжештуваат при употреба. Треба да се внимава да се избегне
допирање на грејните елементи. Децата со помала возраст
од 8 години треба да се држат настрана, освен ако не се под
постојан надзор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Готвењето без надзор на плоча за
готвење со маснотии или масло може да биде опасно и може да
резултира со пожар.
НИКОГАШ не обидувајте се да изгаснете пожар со вода, туку
исклучете го уредот и покријте го пламенот на пр. со капак
или противпожарно ќебе.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од пожар: Не чувајте предмети
на површините за готвење.
По монтирањето, на овој уред треба да му се дозволи да се
исклучи од напојувањето. Исклучувањето може да се постигне
со пристап до приклучокот или со вградување на прекинувач
во фиксното ожичување во согласност со правилата за
ожичување.
Ако кабелот за напојување е оштетен, мора да го замени
производителот, неговиот сервисер или слично квалификувани
лица со цел да се избегне опасност.
Наведениот метод на фиксирање не треба да зависи од
употребата на лепила бидејќи тие не се сметаат за сигурни
средства за фиксирање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако површината е напукната, исклучете го
уредот за да избегнете можност од струен удар.
За време на употребата, уредот се вжештува. Треба да се
внимава да се избегне допирање на грејните елементи во
внатрешноста на плочата за готвење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Достапните делови може да се загреат
за време на употребата. Малите деца треба да се држат
настрана.
Не треба да се користи чистач на пареа.
Метални предмети како ножеви, виљушки, лажици и капаци не
треба да се ставаат на површината на плочата за готвење
бидејќи може да се вжештат.
Loading ...
Loading ...
Loading ...