Samsung SM-R965FZKAEUA Galaxy Watch6 Classic Lte 47mm

User Manual - Page 348

For SM-R965FZKAEUA.

PDF File Manual, 592 pages, Download pdf file

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски
347
Заштитете ги Вашите лични податоци, и спречете протекување или злоупотреба на чувствителни
информации
При користење на уредот, уверете се дека ќе направите резервна копија на Вашите важни
податоци. Samsung не е одговорен за губењето какви било податоци.
Кога сакате да го отстраните Вашиот уред, направете резервна копија од Вашите податоци,
потоа ресетирајте го Вашиот уред за да спречите погрешна употреба на Вашите лични
податоци.
Внимателно прочитајте го приказот со овластувања кога преземате апликации. Особено бидете
претпазливи со апликации кои имаат пристап до многу функции или до значајна количина на
Вашите лични податоци.
Редовно проверувајте ги Вашите сметки за неодобрена или сомнителна употреба. Ако најдете
каков било знак на злоупотреба на Вашите лични податоци, контактирајте го Вашиот оператор
да ги избрише или промени Вашите податоци за сметката.
Во случај да го изгубите или да Ви биде украден уредот, променете ги лозинките на Вашите
сметки за заштита на Вашите лични податоци.
Избегнувајте да користите апликации од непознати извори и заклучувајте го Вашиот уред со
шара, лозинка или PIN.
Не распространувајте материјали со заштитени авторски права
Не распространувајте материјал со заштитени авторски права без дозвола од сопственикот на
правата. Правејќи го тоа, може да ги прекршите законите за авторски права. Производителот не е
одговорен за какви било правни прашања предизвикани од илегалната употреба на материјали со
заштитени авторски права.
Штетен софтвер и вируси
За да го заштитите Вашиот уред од штетен софтвер и вируси, следете ги овие совети за
користење. Во спротивно може да дојде до оштетување или загуба на податоци што може да не е
покриено со гаранцијата
Не преземајте непознати апликации.
Не посетувајте недоверливи интернет-страници.
Избришете ги сомнителните пораки или пораките од е-поштата од непознати испраќачи.
Поставете лозинка и менувајте ја редовно.
Исклучете ги безжичните одлики, како што е Bluetooth, кога не се во употреба.
Ако уредот функционира неправилно, скенирајте го за инфекции со антивирусна апликација.
Скенирајте го Вашиот уред со антивирусна апликација пред да отворите новопреземени
апликации и фајлови.
Инсталирајте антивирусни апликации на Вашиот компјутер и редовно скенирајте со нив за
проверка од инфекции.
Немојте да го изменувате регистарот или да го модифицирате оперативниот систем на уредот.
Loading ...
Loading ...
Loading ...