Samsung SM-R965FZKAEUA Galaxy Watch6 Classic Lte 47mm

User Manual - Page 339

For SM-R965FZKAEUA.

PDF File Manual, 592 pages, Download pdf file

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски
338
Информации за безбедност
Пред да го користите уредот, Ве молиме прочитајте ги овие важни информации за безбедност.
Тоа се општи информации за безбедност за уреди и може да вклучуваат содржина што не важи за
Вашиот уред. Следете ги информациите за предупредување и информациите за внимание за да
спречите лична повреда или повреда на други и за да спречите оштетување на Вашиот уред.
Изразот „уред“ се однесува на производот и неговата батерија, полнач, деловите
испорачани со мобилниот уред и сите додатоци одобрени од Samsung што се користат со
производот.
Предупредување
Доколку не се придржувате до безбедносните предупредувања и
прописи, може да настанат сериозни повреди или смрт
Вашиот уред содржи магнети. Чувајте го подалеку од кредитни картички, имплантирани
медицински помагала и други уреди врз кои магнетите може да влијаат. Во случај на
медицински помагала, чувајте го уредот оддалечен од нив повеќе од 15 см. Престанете да го
користите уредот ако се сомневате дека се јавува интерференција со медицинското помагало и
советувајте се со Вашиот лекар или производителот на медицинското помагало
Не употребувајте оштетени електрични приклучоци, продолжни кабли или лабави приклучоци
Небезбеден приклучок може да предизвика електричен шок или пожар.
Не допирајте ги уредот, полначот, каблите, приклучоците или штекерите со влажни раце или
други влажни делови од телото
Во спротивно може да настане електричен шок.
Не влечете го прекумерно кабелот за напојување кога го исклучувате
Во спротивно може да настане електричен шок или пожар.
Не превиткувајте го и не оштетувајте го приклучниот кабел
Во спротивно може да настане електричен шок или пожар.
Не допирајте го уредот со влажни раце додека уредот се полни
Во спротивно може да настане електричен шок.
Loading ...
Loading ...
Loading ...