Samsung SM-R965FZKAEUA Galaxy Watch6 Classic Lte 47mm

User Manual - Page 346

For SM-R965FZKAEUA.

PDF File Manual, 592 pages, Download pdf file

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски
345
Бидете внимателни кога го отстранувате уредот од себе
За точно мерење, мора да го носите уредот така што да биде добро прицврстен на зглобот.
После мерењето, олабавете го ремчето за може воздухот да струи околу кожата. Се препорачува
да го носите уредот ниту премногу лабаво, ниту премногу стегнато и да се чувствувате удобно во
нормални услови.
Кога го носите уредот подолго време или кога вршите вежбање со висок интензитет додека го
носите, може да се јави иритација на кожата заради одредени фактори, како што се триење,
притисок или влага. Ако сте го носеле уредот подолго време, отстранете го од зглобот одредено
време за да ги одржите кожата и зглобот здрави и одморни.
Ако го прицврстите уредот премногу силно, може да дојде до воспаление на кожата, а ако го
прицврстите премногу лабаво, може да се јави триење.
Чувајте го уредот сув и чист за да избегнете воспаление на кожата.
Уредот се придржува до меѓународните безбедносни стандарди, но преземете ги сите
неопходните мерки на претпазливост ако Вашата кожа е преосетлива или имате алергија на
било какви материјали.
Не бојте го уредот и не ставајте лепенки врз него
Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните делови и да го спречат правилното
работење.
Ако сте алергични на боја или метални делови од уредот, може да почувствувате чешање,
егзема или натекување на кожата. Ако дојде до тоа, престанете со употреба на уредот и
консултирајте се со Вашиот лекар.
Инсталирајте го мобилниот уред и опремата со внимание
Проверете дали сите мобилни уреди или соодветната опрема инсталирана во Вашето возило се
безбедно вградени.
Избегнувајте да го поставувате уредот и дополнителната опрема во близина на или во делот
за воздушното перниче. Неправилно инсталираната безжична опрема може да предизвика
сериозни повреди кога воздушните перничиња ќе се напумпаат нагло.
Не испуштајте го уредот и не предизвикувајте удари на уредот
Вашиот уред може да се оштети или да не функционира правилно.
Ако е искривен или деформиран, Вашиот уред може да биде оштетен и некои делови може да
не функционираат.
Осигурете максимален век на траење на батеријата и полначот
По извесно време, уредот што не се користи ќе ја испразни батеријата и мора да се наполни
пред употреба.
Исклучете го полначот од изворите на напојување кога не е во употреба.
Користете ја батеријата само за нејзината намена.
Следете ги сите инструкции во ова упатство за да осигурате најдолг работен век на Вашиот уред
и батеријата. Штетите или слабите перформанси предизвикани од неправилно следење на
предупредувањата и инструкциите, може да ја направи неважечка Вашата гаранција.
Loading ...
Loading ...
Loading ...