Samsung SM-R965FZKAEUA Galaxy Watch6 Classic Lte 47mm

User Manual - Page 340

For SM-R965FZKAEUA.

PDF File Manual, 592 pages, Download pdf file

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски
339
Не поврзувајте ги директно позитивниот и негативниот пол на полначот
Тоа може да предизвика сериозна повреда.
Не користете го Вашиот уред надвор за време на грмотевици
Во спротивно може да дојде до електричен шок или неправилно функционирање на уредот.
Користете полначи, додатоци и прибор одобрени од производителот
Користењето генерички полнач може да го скрати работниот век на Вашиот уред или да
предизвика негово неправилно функционирање. Тоа, исто така, може да предизвика пожар или
да предизвика експлодирање на батеријата.
Користете само батерија, полнач и кабел одобрен од Samsung и специфично дизајнирани
за Вашиот уред. Некомпатибилна батерија, полнач и кабел може да предизвикаат сериозни
повреди или оштетување на Вашиот уред.
Samsung не може да биде одговорен за безбедноста на корисникот кога употребува додатоци
или делови коишто не се одобрени од Samsung.
Не носете го уредот во задните џебови или околу половината
Уредот може да се оштети, да експлодира или да предизвика пожар доколку врз него се прави
голем притисок.
Ако се удрите во нешто или паднете, може да се повредите.
Не испуштајте го и не предизвикувајте прекумерни удари на уредот
Тоа може да го оштети Вашиот уред или батеријата, предизвикувајќи неисправност на уредот
или пократок рок на траење.
Исто така, тоа може да предизвика уредот да се презагрее, да се запали, да изгори или други
опасности.
Внимателно ракување и фрлање на уредот и полначот во отпад
Никогаш не фрлајте ги батеријата или уредот во оган. Никогаш не поставувајте ги батеријата
или уредот на или во загреани уреди, како што се микробранови печки, рерни или радијатори.
Уредот може да експлодира доколку се загрее прекумерно. Следете ги сите локални регулативи
кога фрлате во отпад употребена батерија или уред.
Никогаш не удирајте го и не дупчете го уредот.
Избегнете изложување на уредот на висок надворешен притисок што може да доведе до
внатрешен краток спој и презагревање.
Заштитете ги уредот, батеријата и полначот од оштетување
Избегнете изложување на Вашиот уред и батерија на многу ниски или многу високи
температури.
Екстремните температури може да го оштетат уредот и да го намалат капацитетот на полнење и
работниот век на Вашиот уред и батерија.
Никогаш не користете оштетен полнач или батерија.
Не користете кабел чиј надворешен слој е истрошен или оштетен, и не користете полнач или
батерија што се оштетени или што не функционираат правилно.
Не вклучувајте го и не употребувајте го уредот кога капакот на батеријата е отворен.
Loading ...
Loading ...
Loading ...