User Manual - Page 344

For SCD720/86. Also, The document are for others Philips models: SCD720, SCD721, SCD723, SCD725

Loading ...
Loading ...
Loading ...
2 Изберете „Опсег на температура“ во подменито за температурата и
притиснете на ОК за да потврдите.
3 Користете ги копчињата + и - за да го поставите опсегот на
минималната температура помеѓу 10 °C/ 50°F и 19 °C/66 °F и опсегот
на максимална температура помеѓу 22 °C/72 °F и 37 °C/99 °F.
Притиснете на ОК за да потврдите.
4 Изберете „Сигнал за предупредување“ во подменито за
температурата. Притиснете на ОК за да потврдите.
5 Изберете една од опциите за предупредување. Опциите кои се
достапни се само звук, звук и вибрација, само вибрација и само
дисплеј. Притиснете на ОК за да потврдите. Симболот за
предупредување за температурата се појавува на дисплејот.
6 Изберете „Мерна единица за температура“ во подменито за
температурата. Притиснете на ОК за да потврдите.
7 Изберете „Целзиус“ или „Фаренхајт“ и притиснете на ОК за да
потврдите. На дисплејот се појавува температурата во поставената
мерна единица.
Доколку температура е во поставениот опсег, симболот за
предупредување за температурата има два сегмента.
Доколку температура е под или над поставениот опсег, симболот за
предупредување на дисплејот има само еден сегмент и трепка.
Пораката „ПРЕМНОГУ СТУДЕНО“ или „ПРЕМНОГУ ТОПЛО“ се
појавува на дисплејот.
Предупредување за плачење
Можете да поставите предупредување за плачење за да ве извести
дека бебето плаче.
1 Со копчињата + и -, во менито изберете „Предупредување за
плачење“. Притиснете на ОК за да потврдите.
2 Кога на дисплејот ќе се појави „ВКЛУЧИ вибрација“, притиснете на
ОК за да потврдите. Индикаторот за предупредување за плачење се
појавува на дисплејот.
Предупредувањето за плачење се вклучува кога звукот во собата на
бебето е доволно гласен за да го вклучи светлото за четврто ниво на
гласност. Единицата на родителите почнува да вибрира и пораката
„Предупредување за плачење“ се појавува на дисплејот 4 секунди.
Предупредувањето за плачење се повторува на секои 8 секунди
додека звукот не стивне или додека не го деактивирате
предупредувањето за плачење.
3 За да го деактивирате предупредувањето за плачење, во менито
изберете „Предупредување за плачење“. Кога на дисплејот ќе се
појави „ИСКЛУЧИ вибрација“, притиснете на ОК за да потврдите.
347
Македонски
Loading ...
Loading ...
Loading ...