User Manual - Page 341

For SCD720/86. Also, The document are for others Philips models: SCD720, SCD721, SCD723, SCD725

Loading ...
Loading ...
Loading ...
средна Се слушаат звуци со гласност
почнувајќи од нежни извици и
погласни. Доколку бебето
прави понежни звуци,
звучникот на единицата на
родителите не се вклучува.
мала Звучникот на единицата на
родителите се вклучува само
доколку бебето прави гласни
звуци, на пример ако плаче.
Режим Eco Max
Smart Eco е стандардна одлика на овој монитор за бебиња. Автоматски
го намалува сигналот DECT од единицата на бебето за да заштеди
енергија. За уште поголемо штедење енергија, активирајте го режимот
Eco Max. Во овој режим, сигналот DECT на единицата на бебето е
исклучен додека бебето не прави никакви звуци.
Внимание: Во режимот Eco Max, единицата на родителите одложено
прима повратни информации од единицата на бебето. Кога бебето
прави звук, единицата на бебето прво мора повторно да го активира
радио-преносот пред да може да ги испрати повратните информации
до единицата на родителите.
Имајте го предвид следново:
-
Во режимот Eco Max, не добивате повратни информации кога
единицата на родителите е надвор од опсегот на единицата на
бебето. Можете да ја проверите врската со притискање на кое било
копче од единицата на родителите.
-
Режимот Eco Max не може да се активира ако чувствителноста на
микрофонот е поставена на највисоко ниво.
Активирање на режимот Eco Max
1 Со копчињата + и -, изберете „Eco Max“ во менито и притиснете на
ОК за да потврдите.
2 Кога на дисплејот ќе се појави „Вклучи“, притиснете на ОК за да се
префрлите во режимот Eco Max.
3 На дисплејот се појавува пораката за предупредување „!Нема
предупредување ако е надвор од опсегот, ОК?“. Притиснете на ОК за
да потврдите.
Забелешка: Пораката за предупредување поминува низ дисплејот
двапати. Доколку не притиснете на ОК, единицата на родителите
излегува од менито, а режимот Eco Max останува исклучен.
344
Македонски
Loading ...
Loading ...
Loading ...