User Manual - Page 343

For SCD720/86. Also, The document are for others Philips models: SCD720, SCD721, SCD723, SCD725

Loading ...
Loading ...
Loading ...
3 Поставете го часот и минутите и притиснете на ОК за да потврдите.
4 За да го стартувате тајмерот за хранење, изберете „xx:xx старт“ во
подменито на тајмерот за хранење. Притиснете на ОК за да
потврдите. На дисплејот се појавува симболот за тајмерот и тајмерот
почнува да одбројува.
5 Кога тајмерот ќе дојде до 00:00, сигналот за предупредување за
тајмерот за хранење се исклучува, симболот за тајмерот почнува да
трепка на дисплејот и се појавува порака „ТАЈМЕРОТ ЗАВРШИ“ на
дисплејот.
6 За да го сопрете тајмерот, изберете „Сопри и ресетирај“ во
подменито на тајмерот за хранење и притиснете на ОК за да
потврдите.
Поставување повторување на тајмерот за хранење
1 За тајмерот за хранење повторно да го одбројува истото поставено
време, изберете „Повторување на тајмер“ во подменито на тајмерот
за хранење откако ќе го поставите. Притиснете на ОК за да
потврдите.
2 Изберете „Повторување ВКЛУЧЕНО“ или „Повторување ИСКЛУЧЕНО“
и притиснете на ОК за да потврдите. Симболот за повторување на
тајмерот се појавува на дисплејот.
3 Доколку е активирана опцијата „Повторување ВКЛУЧЕНО“, тајмерот
за хранење повторно почнува да одбројува откако ќе го исклучите
сигналот за предупредување.
Поставување сигнал за предупредување на тајмерот за
хранење
1 За да поставите сигнал за предупредување, изберете „Сигнал за
предупредување за тајмер“ во подменито на тајмерот за хранење.
Притиснете на ОК за да потврдите.
2 Изберете една од опциите за предупредување. Опциите кои се
достапни се само звук, звук и вибрација или само вибрација.
3 Притиснете кое било копче за да го прекинете сигналот за
предупредување или сигналот за предупредување автоматски ќе
престане после 2 минути.
4 За да го сопрете тајмерот, изберете „Сопри и ресетирај“ во
подменито на тајмерот за хранење и притиснете на ОК за да
потврдите.
Собна температура
Бебе спие удобно на температура помеѓу 16 °C/61 °F и 20 °C/68 °F.
Можете да поставите опсег на минимална и максимална температура и
сигнал за предупредување.
1 За да го отворите подменито за температура, во менито изберете
„Температура“. Притиснете на ОК за да потврдите.
346
Македонски
Loading ...
Loading ...
Loading ...