User Manual - Page 334

For SCD720/86. Also, The document are for others Philips models: SCD720, SCD721, SCD723, SCD725

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Вовед
За да го регистрирате го вашиот производ и да го прочитате деталното
упатство за корисникот, одете на www.philips.com/welcome.
Приказ на единицата за родителите (Сл. 1)
1 Индикатор за јачина на сигналот
2 Индикатор за Eco Max
3 Симбол за режим на ноќно затемнување
4 Индикатор за предупредување за плачење
5 Симбол за без звук
6 Индикатор за состојба на батерија
7 Стрелка за навигација
8 Симбол за температура
9 Индикатор за чувствителност на микрофонот
10 Симбол за ноќно светло
11 Симбол за приспивна песна
12 Симбол за тајмер или за повторување тајмер
Подготовка за користење
ВАЖНО: Внимателно прочитајте ги упатствата за безбедност пред да
го користите мониторот за бебиња и зачувајте ги за во иднина.
Единица на бебето
Ве советуваме да ја користите единицата на бебето и приклучена на
електричната мрежа. За да се гарантира автоматско резервно
напојување во случај на прекин на електричното напојување, можете
да ставите четири алкални батерии АА од 1,5 волти (не се вклучени).
Не користете батерии што се полнат. Единицата на бебињата нема
функција за полнење, а батерии што се полнат полека се празнат кога
не се користат.
Единица на родителите
Единицата на родителите користи две батерии што се полнат,
испорачани со мониторот за бебе. Наполнете ја единицата на
родителите пред да ја користите првпат и кога батериите се слаби.
Имајте на предвид дека за SCD720/SCD721/SCD723, мора да ја полните
единицата на родителите цели 10 часа за да имате безжично
работење од 18 часа. (За SCD725: времето на полнење е 14 часа, а
времето на работа е 25 часа.
Забелешка: Кога ќе започнете да го користите мониторот за бебето,
потребни се 4 циклуси на полнење и празнење пред батериите што се
полнат да го достигнат целосниот капацитет.
337
Македонски
Loading ...
Loading ...
Loading ...