User Manual - Page 342

For SCD720/86. Also, The document are for others Philips models: SCD720, SCD721, SCD723, SCD725

Loading ...
Loading ...
Loading ...
4 Индикаторот за Eco Max трепка на дисплејот. Светлото за „врска“
бавно трепка зелено кога единицата на бебето не емитува сигнали
до единицата на родителите.
5 Кога единицата на родителите добива сигнал од единицата на
бебето бидејќи повторно се активирал радио-преносот, светлото
„врска“ почнува постојано да свети зелено.
Деактивирање на режимот Eco Max
1 Притиснете го копчето МЕНИ.
2 Користете ги копчињата + и - за да изберете „Eco Max“ и притиснете
на ОК за да потврдите.
3 Кога на дисплејот ќе се појави „Исклучи“, притиснете на ОК за да
потврдите.
Ноќно светло
1 За да го вклучите ноќното светло на единицата на бебето, изберете
„Ноќно светло“ во менито со копчињата + и - па притиснете на
копчето OK за да потврдите.
2 Користете ги копчињата + и - за да изберете „Вклучи“. Симболот за
ноќното светло се појавува на дисплејот.
3 Кога ноќното светло е вклучено и сакате да го исклучите, изберете
„Ноќно светло“ во менито и притиснете OK за да изберете „Исклучи“.
Приспивна песна
1 За да емитувате една или повеќе приспивни песни на единицата на
бебето, изберете „Приспивна песна“ во менито со копчињата + и -.
Притиснете на ОК за да потврдите.
2 Притиснете OK повторно за да ја емитувате првата приспивна песна.
Користете ги копчињата + и - за да изберете една од приспивните
песни или „Пушти ги сите“.
Дисплејот ги прикажува симболот за приспивна песна и бројот на
приспивната песна што се емитува. Избраната приспивна песна се
повторува постојано 15 минути, освен ако не изберете „сопри“ во
менито.
Ако изберете „Пушти ги сите“, сите претходно меморирани
приспивни песни се емитуваат 15 минути. Дисплејот го прикажува
бројот на приспивната песна што се емитува.
3 За да сопрете со емитувањето, изберете „Сопри“ во менито и
притиснете ОК за да потврдите.
Тајмер за хранење
Можете да поставите тајмер за хранење за да ве предупреди дека е
време да го нахраните бебето. Тајмерот може да се постави од 1
минута до 23 часа и 59 минути.
1 За да го отворите подменито на тајмерот за хранење, во менито
изберете „Тајмер за хранење“. Притиснете на ОК за да потврдите.
2 Изберете „Постави тајмер“ во подменито на тајмерот за хранење.
Притиснете на ОК за да започнете со поставување на тајмерот.
345
Македонски
Loading ...
Loading ...
Loading ...