User Manual - Page 337

For SCD720/86. Also, The document are for others Philips models: SCD720, SCD721, SCD723, SCD725

Loading ...
Loading ...
Loading ...
3 За нагодување на гласноста на приспивната песна, притиснете го
копчето „гласност +“ или „гласност -“ на единицата на бебето.
Забелешка: Можете да ја поставите гласноста на звучникот на
единицата на бебето само додека е пуштена приспивната песна.
Доколку поставите поголема гласност на приспивната песна, ќе
биде погласен и гласот кога ќе ја користите функцијата за
зборување на единицата на родителите.
4 За да ја сопрете приспивната песна, притиснете го копчето на
единицата на бебето.
Наоѓање на единицата на родителите
Доколку ја изгубите единицата на родителите, можете да го притиснете
копчето НАЈДИ на единицата на бебето за да ја лоцирате единицата на
родителите. Оваа функција работи само кога единицата на родителите
е вклучена и е во опсег.
1 Притиснете на НАЈДИ на единицата на бебето. Единицата на
родителите емитува звучен сигнал за повикување.
2 За да го прекинете звучниот сигнал за повикување, повторно
притиснете на НАЈДИ на единицата на бебето или на кое било копче
на единицата на родителите. Звучен сигнал за повикување
автоматски се исклучува по 2 минути.
Светло за состојбата на батеријата
1 Светлото за состојбата на батеријата е свети постојано зелено кога
единицата на бебето работи на батерии и кога батериите се
доволно полни.
2 Светлото за состојбата на батеријата брзо трепка црвено кога
батериите се речиси празни кога единицата на бебето работи на
батерии. Заменете ги батериите кога ќе се испразнат.
Функции и повратни информации на единицата
на родителите
Гласност
Гласноста може да се постави доколку менито не е активно. Има седум
нивоа на гласност и поставка „исклучи звук“.
Поставување на нивото на гласност
1 Притиснете го копчето + или копчето - еднаш.
Тековната гласност се појавува на дисплејот.
2 Притиснете го копчето + за да ја зголемите гласноста или копчето -
за да ја намалите гласноста.
340
Македонски
Loading ...
Loading ...
Loading ...