User Manual - Page 616

For 43HL7200.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски - 22 -
Режим на филм
Во однос на нормалните телевизиски програми, филмовите се снимаат на различен
број рамки во секунда. Вклучете ја оваа опција кога сакате јасно да ги гледате
сцените од филмот со брзи движења.
Тон на кожата
Нијансата на кожата може да се промени помеѓу -5 и 5.
Промена на боја
Го приспособува посакуваниот тон на бојата.
Мапирање на
опсегот (Gamut
Mapping)
Оваа опција можете да ја користите за да го поставите опсегот на боите
кои се прикажуваат на ТВ-екранот. Кога е поставена на „Вклучено“, боите
се приспособуваат во согласност со изворниот сигнал. Кога е поставена на
„Исклучено“, стандардно се користи максималниот капацитет на бои на ТВ-уредот
(препорачана опција).
Забелешка: Оваа опција може да не е достапна во зависност од Тв-моделот и неговите одлики.
Dolby Vision-
известување
Ги поставува преференциите за изгледот на известувањето за содржината Dolby
Vision Кога е вклучена опцијата, логото Dolby Vision ќе се прикаже да долната
десна страна на екранот кога ќе се забележи Dolby Vision-содржина.
Целосен опсег
на HDMI
Додека гледате од HDMI извор, оваа функција ќе биде видлива. Можете да ја
користите оваа одлика за да ги истакнете црните тонови на сликата.
Ресетирање
Ги подесува поставките на сликата на почетните стандардни поставки (освен
режимот Игра).
PC-позиција
Се појавува само кога изворот е поставен на VGA/PC.
Автоматско
поставување на
позиција
Ако сликата не е центрирана во режим VGA , користете ја оваа опција за
автоматски да ја наместите позицијата на сликата. Притиснете ОК за да почнете
автоматско местење.
Позиција Х
Оваа опција ја поставува сликата во хоризонтална положба на десната или левата
страна на екранот.
Позиција В
Оваа опција ја поставува сликата во вертикална положба кон горниот или долниот
дел од екранот.
Фреквенција на
точка
Подесувањето на фрекфенцијата на точките ги поправаат пречките кога се јавуваат
вертикални ленти во интензивно точкести презентации, како табели или параграфи,
или се појавува текст во помали фонтови.
Фаза
Во зависност од изворот (компјутер и др.) можете да имате замаглена или нечиста
слика на екранот. Можете со пробувањеда ја поставите фазата и да добиете
почиста слика.
Додека сте во VGA (PC)-режим, некои опции во менито за слика не се достапни. Наместо тоа, поставките за VGA-режимот ќе
бидат додадени во менито Слика додека сте во режимот за компјутер.
Содржина на менито за звук
Dolby-аудио
Ќе бидат достапни опциите Паметно, Кино, Музика, Вести и Исклучено. Постави
како Исклучено за деактивирање.
Забелешка: Некои елементи во менито Звук ќе бидат посивени и недостапни ако се поставени
на друга опција од Исклучено.
DTS TruSurround HD
Го активира или деактивира DTS TruSurround HD.
Bluetooth
Притиснете OK за да го отворите екранот на менито Bluetooth . Користејќи го овој
екран може да ги откриете и поврзете на ТВ-уредот звучните уреди активирани со
Bluetooth-безжична технологија.
Моќ На Аудио Излез
Ги поставува преференците за аудио излез Ќе бидат достапни опциите TV, S/PDIF и
HDMI ARC. Нема да има аудио излез освен преку избраната опција. Ако е избрана
селекцијата HDMI ARC, ќе биде овозможена одлика CEC.
Забелешка: Во зависност од избраната опција некои елементи во аудио менито ќе изгледаат
посивено и нема да бидат достапни.
Loading ...
Loading ...
Loading ...