User Manual - Page 609

For 43HL7200.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски - 15 -
Можете да ја активирате опцијата режими за
продавница во следниот чекор. Оваа опција
ќе ги конфигурира поставките за во продавница
и во зависност од користениот модел на ТВ-
уред, поддржаните одлики на телевизорот ќе
бидат прикажани на врвот на екранот во вид на
информациска лента. Оваа опција е наменета само
за користење за во продавница. Се препорачува
да изберете режим за дома за користење
дома. Опцијата ќе биде достапна во менито
Поставки>Систем>Повеќе и може подоцна да
биде изгасена/вклучена подоцна. Изберете и
притиснете OK за да продолжите.
Во зависност од моделот на Вашиот ТВ-уред и
изборот на земјата, во овој момент може да се
појави менито Поставки за приватност. Со ова
мени можете да ги поставите своите овластувања
за приватноста. Обележете одлика и користете
ги копчињата за лево и десно за да ја активирате
или деактивирате. Прочитајте ги релевантните
објаснувања прикажани на екрано за секоја
обележана одлика пред да направите какви
било промени. Може да ги користите кочињата
Programme +/- за да го поместувате нагоре или
надолу текстот за да го прочитате целиот. Ќе може да
ги смените своите преференции во кое било време
подоцна од менито Поставки>Систем>Поставки
за приватност. Ако е деактивирана опцијата
Интернет врска, екранот ќе се прескокне и нема
да се прикаже. Ако имате прашања, поплаки или
коментари во врска со политиката за приватност
или нејзиното спроведување, ве молиме пишете на
следната е-пошта: [email protected].
Означете Следно и притиснете го копчето OK на
далечинскиот управувач за да продолжите и ќе се
прикаже менито Поставки за мрежата/интернет.
Ве молиме, прочитајте го делот Поврзување
за да конфигурирате безжична или врска преку
кабел. Ако сакате вашиот ТВ-уред да троши
помалку струја во режим на мирување, може да ја
деактивирате опцијата Wake On ако ја поставите
на Исклучено. Откако ќе бидат готови поставките,
означете Следно и притиснете го копчето OK за
да продолжите.
На следниот екран може да ги поставите
преференциите за видовите емитувања кои ќе се
пребаруваат, да поставите кодирано пребарување
канали и временска зона (во зависност од
избраната земја) Дополнително, можете да
поставите еден вид емитување како свој омилен.
Приоритет ќе има избраниот вид емитување во
текот на процесот на пребарување и каналите ќе
бидат наведени на врвот на списокот канали. Кога
ќе завршите, одберете ја Следно и притиснете ОК
за да продолжите.
За избирање на типот емитување
За да ја вклучите опцијата за пребарување на
видот емитување, означете ја и притиснете ОК.
Полето за штиклирање до избраната опција ќе
биде штиклирано. За да ја исклучите опцијата
за пребарување, отштиклирајте го полето за
штиклирање со притискање ОК по поместување
на фокусот на опцијата посакуван вид емитување.
Дигитална антена: Ако е вклучена опцијата за
пребарување на антенско емитување, ТВ-уредот
ќе пребарува дигитални земјени емитувања откако
ќе бидат завршени други иницијални поставки.
Дигитален кабел: Ако е вклучена опцијата за
пребарување кабелско емитување, ТВ-уредот
ќе пребарува дигитални кабелски емитувања
откако ќе бидат завршени други иницијални
поставки. Ќе се прикаже порака пред да се
почне пребарувањето која ве прашува дали
сакате да извршите пребарување на кабелски
мрежи. Ако изберете Да и притиснете ОК, може
да изберете Мрежа или да поставите вредности
како Фреквенција, Идент. на мрежа и Чекор на
пребарување на следниот екран. Ако изберете
Не и притиснете ОК, може да поставите Почни
фреквенција, Прекини фреквенција и Чекор
на пребарување на следниот екран. Кога ќе
завршите, одберете Следно и притиснете го
копчето ОК за да продолжите.
Забелешка: Траењето на пребарувањето се менува во
зависност од избраниот чекор на пребарување.
Сателит: Ако е вклучена опцијата за пребарување
сателити, ТВ-уредот ќе ги пребарува дигиталните
сателитски преноси откако ќе се постават сите
иницијални поставки. Пред да се прави сателитско
пребарување, треба да се направат некои
подесувања. Ќе се прикаже мени на кое можете
да изберете да почнете инсталација на М7- или
Fransat-оператор или стандардна инсталација
За да почете инсталација на М7-оператор, за Вид на
инсталација изберете Оператор и Сателитскиот
оператор како соодветен М7-оператор. Потоа
обележете ја опцијата Претпочитано скенирање
и поставете Овие опции може да се изберат
претходно во зависност од изборот на Јазик или
Земја што ги направивте во претходните чекори
на процесот за прва инсталација. Во зависност од
видот М7-оператор може да ви биде побарано да
изберете ХД/СД или листа на канали за земјата.
Изберете една и притиснете OK за да продолжите.
Почекајте додека да заврши скенирањето. Сега,
листата е инсталирана.
Кога правите инсталација на М7-оператор,
користите параметри за сателитска инсталација
што се разликуваат од стандардните поставки,
изберете ја опцијата Претпочитано скенирање и во
неа Мануелно скенирање канали и притиснете го
Loading ...
Loading ...
Loading ...