User Manual - Page 597

For 43HL7200.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски - 3 -
обележаните области користат заменливи копчести
батерии.
CLASS 1
LASER PRODUCT
Ласерски производ од
класа 1: Производов
содржи ласерски извор од
класа 1 што е безбеден
под разумно предвидливи
услови на работење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
НЕМОЈТЕ ДА ЈА ГОЛТАТЕ БАТЕРИЈАТА,
ОПАСНОСТ ОД ХЕМИСкИ ИЗГОРЕНИЦИ
Производов или придружните елементи доставени
со овој производ може да содржат копчеста
батерија. Ако оваа батерија се голтне, може да
предизвика тешки внатрешни изгореници во рок од
само 2 часа и може да доведе до смрт.
Држете ги новите и старите батерии подалеку од
деца.
Ако одделот за батерија не се затвора сигурно,
престанете со употребата на производот и држете
го подалеку од децата.
Ако мислите дека батериите можеби се проголтани
или поставени во некој дел од телото, веднаш
побарајте медицинска помош.
– – – – – – – – – – – –
Никогаш не ставајте телевизиски уред на
нестабилни или навелни локации. Телевизискиот
уред може да падне и да предизвика лична повреда
или смрт. Многу повреди, особено кај децата,
можат да се избегнат со едноставни мерки на
претпазливост, како на пример;
Користење ормани или држачи препорачани од
производителот на телевизискиот уред.
Користење мебел што може безбедно да го држи
телевизискиот уред.
Обезбедување дека телевизискиот уред не виси
на работ на мебелот на кој е поставен.
Не поставувајте го телевизискиот уред на висок
мебел (на пример, витрини или полици) без да
го прицврстите и мебелот телевизискиот уред
соодветно.
Не ставајте го телевизорот на текстил или други
материјали меѓу телевизорот и поддржувачкиот
мебел.
Образување на децата за опасностите од
качување на мебел за да го дофатат телевизискиот
уред или неговите команди. Ако го задржувате и
го преместувате телевизискиот уред што веќе го
имате, применете ги истите одредби од погоре.
– – – – – – – – – – – –
Уредот што е поврзан на заштитно заземјување на
инсталацијата во објектот со директно приклучување
на напојувањето или преку други апарати што се
приклучени на заштитно заземјување – како и на
систем за телевизиска дистрибуција со помош
на коаксијален кабел, можат во некои услови да
претставуваат опасност од пожар. Поврзувањето
на кабелски дистрибуциски систем треба да биде
направено преку уред што обезбедува електрична
изолација под одреден опсег на фрекфенција (
галванска изолација).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА
ЗАКАЧУВАЊЕ НА ЅИД
Прочитајте ги упатствата пред да го закачите
ТВ-уредот на ѕид.
Комплетот за закачување на ѕид не е
задолжителен. Можете да го добиете од
вашиот локален продавач, ако не е доставен
со ТВ-уредот.
Не инсталирајте го ТВ-уредот на плафоното
или на навален ѕид.
Користете ги конкретните шрафови и други
додатоци за закачување на ѕид.
Прицврстете ги силно шрафовите за
закачување на ѕид за да не падне ТВ-уредот.
Не стегајте ги пресилно шрафовите.
Бројките и илустрациите во овој прирачник за
корисници се дадени само како референца и може
да се разликуваат кај изгледот на конкретниот
производ. Дизајнот и спецификациите на
производот може да се сменат без известување.
Информации од важност за животната
средина
Овој ТВ-уред е дизајниран како позитивен за
животната средина. За намалено трошење струја,
следете ги овие чекори:
Ако ја поставите опцијата Заштеда на енергија
на минимално, средно, максимално или авто,
ТВ-уредот ќе го намали трошењето соодветно.
Поставете го на Исклучено за да ја исклучите
поставката. Ако сакате да го поставите позадинското
светло на фиксна вредност, поставете го на По
мерка и приспособете го позадинското светло
(лоцирано под поставката Заштеда на енергија)
мануелно со копчињата „лево“ и „десно“ на
далечинскиот управувач.
Забелешка: Достапните опции за заштеда на енергија
може да се разликуваат во зависност од избраниот режим
во менито Поставки>Слика.
Поставката Заштеда на енергија се наоѓа во
менито Поставки>Слика. Имајте предвид дека
некои поставки на сликата нема да може да се
менуваат.
Можете исто така да го исклучите екранот со
опцијата Исклучи екран, ако сакате да го слушате
само звукот и нема потреба да гледате. Ако се
притискаат консекутивно десното или левото копче,
Loading ...
Loading ...
Loading ...