User Manual - Page 615

For 43HL7200.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски - 21 -
Содржина на менито за поставки
Содржина на менито за слика
Режим
Можете да го промените режимот на сликата според своите претпочитувања или
барања. Режимот на слика може да биде поставен на една од овие опции: Кино,
игра (опционално), спорт, динамично природно.
Dolby-режими: Ако се забележи Dolby Vision-содржина опциите за слики Dolby Vision – темно и Dolby
Vision – светло ќе бидат достапни наместо режимите Кино и Природно.
Контраст
Ги подесува светлината и темнината на екранот.
Осветленост
Ја подесува светлината на екранот.
Острина
Ја подесува острината на предметите прикажани на екранот.
Боја
Ја поставува вредноста на бојата, приспособувајќи ги боите.
Заштеда на
енергија
За поставување на заштедата на енергија на по мерка, минимум, средно,
максимум, авто, исклучен екран или исклучено.
Забелешка: Достапните опции може да се разликуваат во зависност од избраниот режимм.
Задно светло
Ова го контролира нивото на позадинско осветлување. Функцијата за заднинско
осветлување ќе биде неактивна ако заштедата на енергија е поставена на друга
опција од По мерка. За поставување, означете и користете ги копчињата за насока
лево/десно.
Зум на слика
Ја поставува саканата големина на сликата.
Поместување
слика
Оваа опција може да биде достапна во зависност од поставката Зумирање
слика. Означете и притиснете ОК, потоа користете ги копчињата за насока за да ја
поместите сликата нагоре или надолу.
Virtual HDR
Виртуелна HDR-функција која манипулира со боја, заситеност и динамичен
контраст, главно, ја претвора сликата со стандардеен диманичен опсег во слика
со висок динамичен опсег.
Постави на Вклучено за да се активира.
Напредни поставки
Динамичен
контраст
Можете да го смените односот на динамичкиот контраст според вашите желби.
Температура на
боја:
Го подесува тонот на бојата. Достапни се опциите студен, нормален, топол и
по мерка.
Бела точка
Ако опцијата за тонот на бојата е поставен на По мерка, поставката е достапна.
Зголемете ги „топлината“ или „студенилото“ на сликата со левото и десното копче.
Потенцирање
сино
Функцијата за потенцирање на белата боја која ја прави белата боја постудена за
да се направи посветла сликата. Постави на Вклучено за да се активира.
Micro Dimming
Достапни се опциите Ниско, Средно, Високо и исклучено. Кога е активно Микро
задушување, тоа локално ќе го засили контрастот за секоја дефинирана зона.
Намалување на
шум
Ако сигналот на емитување е слаб и сликата е со шум, искористете ја поставката
за намалување на шумот за да го намалите шумот.
Деконтурирање
Достапни се опциите Ниско, Средно, Високо и исклучено.
Кога е активно
Деконтурирање, тоа ги намалува ефектите на контурите во содржини со ниска
резолуција и сервиси со ауто стриминг.
MEMC
Притиснете ги копчињата лево/десно за да поставите MEMC движење на Ниско,
Средно, Високо или Исклучено. Кога е активна MEMC, се оптимизираат видео-
поставките на ТВ-уредот за подвижните слики за да се добијат подобар квалитет
и читливост.
MEMC демо
Кога опцијата MEMC е поставена на Ниско, Средно или Високо, оваа опција
ќе биде достапна. Притиснете на ОК за да излезете од демо режимот. Додека
режимот демо е активен, екранот ќе биде поделен на два дела, еден, прикажувајќи
ја активноста чувство за филм, а другиот, прикажувајќи ги нормалните поставки
на ТВ-екранот. Притиснете ОК копчето за откажување.
Loading ...
Loading ...
Loading ...