User Manual - Page 278

For 603683100.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
278 | Македонски
u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте
директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
Големината на мерната површина се зголемува со растојанието помеѓу мерниот
алат и мерниот објект. При растојание од 1m, мерната површина е голема околу
8,3cm, под услов ласерскиот зрак да паѓа вертикално во оваа точка на мерната
површина.
При температура на површини од –10°C до +500°C, оптималното мерно растојание
е помеѓу 0,75m и 1,25m. Под –10°C оптималното мерно растојание е помеѓу
10cm и 30cm.
Прикажаниот резултат од мерењето е средна вредност на измерените температури
во мерната површина.
u Одржувајте растојание до жешки објекти. Постои опасност од изгореници.
u Не го оставајте мерниот уред директно на жешки површини. Топлината може
да го оштети мерниот уред.
Напомени за мерните услови
Високо рефлектирачки или сјајни површини (на пр. сјајни плочки, предници од
не'рѓосувачки челик или садови за готвење) можат да го попречат мерењето на
температурата на површините. По потреба, облепете ја мерната површина со темна,
мат леплива лента, којашто е добар спроводник на топлина. Оставете ја лентата
кратко да се темперира на површината.
Мерењето низ транспарентни материјали (на пр. стакло или транспарентна
пластика) не е возможно.
Поради тоа мерните резултати ќе бидат попрецизни и посигурни доколку се
подобри и постабилни мерните услови.
Инфрацрвеното мерење на температурата се попречува поради чад, пареа или
правлив воздух.
Затоа пред мерењето проветрете ја просторијата, особено ако воздухот е загаден
или има пареа. На пр. не мерете во бањата веднаш по туширање.
По проветрувањето оставете ја просторијата да се истемперира, додека не се
постигне вообичаената температура.
Мерни функции
Единечно мерење
Со еднократно притискање на копчето Мерење(3) вклучете го ласерот и
активирајте едно мерење.
Мерниот процес може да трае 1 и пол секунда и ќе се прикаже преку осветлување
на приказот SCAN(i). По завршување на мерењето, ласерот автоматски се
1 609 92A 4RK | (06.03.2019) Bosch Power Tools
Loading ...
Loading ...
Loading ...