User Manual - Page 276

For 603683100.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
276 | Македонски
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот алат ги имате следниве можности:
Вклучете го мерниот алат со копчето за вклучување-исклучување(9). По
кратка стартна секвенца, мерниот алат е подготвен за работа со мерната единица
зачувана при последното исклучување. Сѐ уште не е започнато никакво мерење,
ласерот е исклучен.
Вклучете го мерниот алат со копчето Мерење(3). Ако кратко го притиснете
копчето Мерење(3), по кратка стартна секвенца, мерниот алат е подготвен за
работа. Ако копчето Мерење(3) го држите повеќе од 3 s, по стартната секвенца
ќе се вклучи ласерот и мерниот алат веднаш започнува со мерење на мерната
единица зачувана при последното исклучување.
u Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
u Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте
директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот алат притиснете на копчето за вклучување-
исклучување(9).
Доколку околу 1min не се притисне ниедно копче на мерниот алат, тој се исклучува
автоматски заради заштита на батериите.
Подготовка за мерење
Поставете ја мерната единица
Поставена е мерната единица Целзиусови степени. Ако го држите повеќе од 3s
копчето Mode(8) можете да менувате помеѓу мерните единици целзиусови и
фаренхајтови степени.
Кога е вклучен мерниот алат и мерната единица е поставена, последните мерни
вредности ќе се избришат. Кога повторно ќе го вклучите мерниот алат, мерната
единица ќе се зачува и покаже.
Подесување степен на емисија
За одредување на температурата на површината, ќе се измери бесконтактно
природното инфрацрвено топлинско зрачење, коешто го испраќа целниот објект.
За оптимални резултати од мерењето, мора поставениот степен на емисија на
мерниот алат (види „Степен на емисија“, Страница279) да се провери при секое
мерење и доколку е потребно за се прилагоди на мерниот објект.
Кога мерниот алат е вклучен, степенот на емисијата е секогаш однапред дефиниран.
Кога се подесува степенот на емисија, ќе се избришат последните мерни вредности.
1 609 92A 4RK | (06.03.2019) Bosch Power Tools
Loading ...
Loading ...
Loading ...