User Manual - Page 277

For 603683100.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски | 277
На мерниот алат може да се избира меѓу 3 степени на емисија. Во следната табела
ќе ги најдете често употребуваните материјали за секој степен на емисија со слични
степени на емисија, кои се примерен избор во областа на степените на емисија.
Бидејќи степенот на емисија на некој материјал зависи од различни фактори и
поради тоа може да варира, бројките во следниот преглед служат како референтни
вредности.
Висок степен на емисија: бетон (сув), цигла (црвена,
рапава), песочен камен (рапава), мермер, ПВЦ-подови,
пластика, (ПЕ, ПП, ПВЦ), гума, алуминиум елоксиран (мат),
тапет со рапава површина, тепих, ламинат, плочки (мат),
паркет (мат), лак (црн, мат), боја за радијатор, дрво, стакло
Среден степен на емисија: емајл, гранит, лиено железо,
песок, глина
Низок степен на емисија: плута, порцелан (бел), лак (малку
рефлектирачки)
Се употребуваат следните степени на емисија:
висок степен на емисија: 0,95
среден степен на емисија: 0,85
низок степен на емисија: 0,75
За да се промени поставката на степенот на емисија притискајте го копчето
Mode(8) додека на приказот не се појави Степен на емисија(d) и потоа изберете го
соодветниот степен на емисија.
u Точни мерења на температурата се можни доколку степенот на емисија и
степенот на емисија на објектот се совпаѓаат. Објектите може да бидат
прикажани при превисока или прениска температура, што може да доведе до
опасност при контакти.
Мерна површина
При бесконтактно мерење на температурата на површини ќе се одреди
инфрацрвеното зрачење на мерната површина.
Ласерска точка ја означува отприлика средната точка на мерната површина. За
оптимален мерен резултат израмнете го мерниот алат, така што ласерскиот зрак ќе
паѓа вертикално во оваа точка на мерната површина.
Bosch Power Tools 1 609 92A 4RK | (06.03.2019)
Loading ...
Loading ...
Loading ...