Philips GC5039/30R1 Steam Iron with OptimalTEMP technology - Refurbished

User manual - Page 115

For GC5039/30R1.

PDF File Manual, 138 pages, Read Online | Download pdf file

GC5039/30R1 photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
QuickCalcRelease(самоодреденимодели)
ВАЖНО: функцијата Quick Calc Release автоматски ги собира одвоените парчиња бигор во текот
на пеглањето. По 1 до 3 месеци користење, потсетникот за Calc-Clean ќе почне да трепка за да ве
потсети да ја употребите функцијата Quick Calc Release (сл. 2-1). Целта е да се отстрани бигорот
наталожен во пеглата за да се продолжи нејзиниот век на траење. Кога потсетникот за Calc-Clean
трепка, пеглата не се загрева.
Совет: функцијата Quick Calc Release може да се користи во секое време, дури и ако потсетникот сè
уште не се активирал. Ако живеете во подрачје со тврда вода, користете ја функцијата почесто.
Немојте да ја користите функцијата Quick Calc Release додека пеглата е жешка. Немојте да
сипувате вода во отворот за Quick Calc Release.
1 Исклучете го апаратот од штекер (сл. 2-2) и проверете дали се оладил апаратот (сл. 2-3).
2 Држете го апаратот во вертикална положба над мијалникот.
3 Подигнете ја рачката на садот за Quick Calc Release (сл. 2-4) и извлечете го садот (сл. 2-5).
4 Измијте го садот за Quick Calc Release со вода (сл. 2-6, сл. 2-7).
5 Нежно протресете го апаратот за да испаднат парчињата бигор (сл. 2-8).
6 Вратете го садот за функцијата Quick Calc Release во апаратот (сл. 2-10).
7 Притиснете ја рачката до крај („клик“) за да го заклучите садот (сл. 2-11).
Calc-Clean(самоодреденимодели)
ВАЖНО: по 1 до 3 месеца користење, потсетникот за Calc-Clean почнува да трепка за да ве потсети
да ја употребите функцијата Calc-Clean (сл. 3-1). Целта е да се отстрани бигорот од пеглата за да се
продолжи нејзиниот век на траење.
Совет: функцијата Calc-Clean може да се користи во секое време, дури и ако сè уште не се активирал
потсетникот. Ако живеете во подрачје со тврда вода, користете ја функцијата почесто.
1 Проверете дали лизгачкото копче за пареа е поставено во положбата „исклучена пареа“.
2 Проверете дали има доволно вода во резервоарот (повеќе од 3/4). Ако нема доволно вода,
исклучете ја пеглата од штекер, наполнете вода до ознаката MAX (сл. 3-2) и повторно приклучете ја
пеглата во штекер (сл. 3-3).
Не сипувајте оцет или други средства за отстранување бигор во резервоарот за вода.
3 Почекајте да се загрее пеглата. Тоа трае приближно 2 минути (сл. 3-3).
Забелешка: потсетникот за Calc-Clean се исклучува во текот на загревањето.
4 Исклучете ја пеглата од штекер кога индикаторот „пеглата е подготвена“ ќе престане да пулсира
(сл. 3-4).
5 Држете ја пеглата над мијалникот. Држете го притиснато копчето Calc-Clean и внимателно тресете
ја пеглата напред-назад сè додека не се потроши целата вода од резервоарот (сл. 3-5).
При плакнењето на бигорот, од грејната плоча излегуваат пареа и врела вода.
Забелешка: повторете ги чекорите од 2 до 5 ако водата што излегува од апаратот сè уште содржи
бигор.
6 Приклучете го апаратот во штекер и оставете го да се загрее за да се исуши грејната плоча. Тоа
трае приближно 2 минути (сл. 3-6).
7 Исклучете го апаратот од штекер. Внимателно движете ја пеглата преку парче ткаенина за да ги
отстраните дамките од грејната плоча (сл. 3-7).
119
Македонски
Loading ...
Loading ...
Loading ...