Samsung SM-R895FZSAEUA Galaxy Watch4 Classic

User Manual - Page 367

For SM-R895FZSAEUA. Also, The document are for others Samsung models: SM-R860, SM-R870, SM-R880, SM-R890, SM-R865F, SM-R875F, SM-R885F, SM-R895F

PDF File Manual, 616 pages, Read Online | Download pdf file

SM-R895FZSAEUA photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски
366
Исклучете го уредот во потенцијално експлозивни опкружувања
Во потенцијално експлозивните опкружувања секогаш придржувајте се кон прописите,
упатствата и знаците.
Не користете го уредот на места каде што се полни гориво (бензиски станици), во близина
на горива или хемикалии, или во области каде што се врши рушење со експлозиви.
Не чувајте и не пренесувајте запаливи течности, гасови или експлозивни материјали во
истиот простор каде што се наоѓа уредот, неговите делови или дополнителниот прибор.
Ако некој дел од уредот се скрши, чади или мириса како запален, веднаш
престанете да го користите уредот. Користете го уредот само откако бил поправен
во сервисен центар на Samsung
Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите раце и лице.
Кога уредот чади или мириса како запален, тоа може да има како последица експлозија на
батеријата или пожар.
Придржувајте се кон сите безбедносни предупредувања и прописи коишто се
однесуваат на употребата на Вашиот уред додека возите
Додека возите, Вашата прва одговорност е безбедното управување со возилото. Никогаш не
користете го Вашиот уред додека возите, ако тоа е забрането со закон. За Вашата безбедност
и безбедноста на другите, користете го Вашиот здрав разум и запомнете ги следниве совети:
Осигурете се дека имате пристап до Вашиот безжичен уред без да го оттргнете погледот
од патот. Ако примате дојдовен повик во незгодно време, оставете да одговори говорната
пошта наместо Вас.
Откажете ги повиците во густ сообраќај или во опасни временски услови. Дожд, лапавица,
снег, мраз и густ сообраќај може да бидат опасни.
Не пишувајте белешки и не барајте телефонски броеви. Пишување на листата со задачи
или листањето по Вашиот адресар го одзема Вашето внимание од Вашата примарна
одговорност за безбедност при возењето.
Бирајте внимателно и пристапете во сообраќајот. Повикувајте кога не сте во движење или
пред да се вклучите во сообраќајот. Обидете се да ги планирате Вашите повици кога не сте
во движење.
Не вклучувајте се во стресни или чувствителни разговори кои можат да го оттргнат Вашето
внимание. Дајте му до знаење на лицето со кое разговарате дека возите во моментот и
прекинете ги сите разговори кои можат да Ви го одземат вниманието од патот.
Loading ...
Loading ...
Loading ...