Samsung SM-R955FZSAEUA Galaxy Watch6 Classic Lte 43mm

User Manual - Page 345

For SM-R955FZSAEUA.

PDF File Manual, 592 pages, Download pdf file

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски
344
Ракувајте внимателно кога сте изложени на трепкачки светла
Додека го користите уредот, оставете некои од светлата во собата вклучени и не држете го
екранот премногу блиску до Вашите очи.
Може да дојде до напади или бессознание кога сте изложени на трепкачки светла додека
гледате видео или играте флеш-игри подолг период. Ако се чувствувате непријатно, престанете
со користење на уредот веднаш.
Ако некој Ваш близок почувствувал напади или несвестици додека користел сличен уред,
консултирајте лекар пред користење на уредот.
Ако чувствувате непријатности, како на пример грчеви во мускулите или дезориентираност,
веднаш запрете со користење на уредот и консултирајте лекар.
За да спречите напрегнување на очите, правете чести паузи додека го користите уредот.
Намалете го ризикот од повреди поради повторувачки движења
Кога повторувате одредени движења, на пример, притискање копчиња, цртање знаци на екран
на допир или играње игри, може да почувствувате повремена непријатност во Вашите раце,
врат, рамена или други делови од Вашето тело. Кога го користите Вашиот уред подолги периоди,
држете го уредот релаксирано, притискајте лесно на копчињата и правете повремени паузи. Ако
и натаму имате непријатности при или по користењето, престанете со употребата на уредот и
консултирајте се со лекар.
Заштитете ги Вашиот слух и уши кога користите слушалки
Слушањето со висока јачина на тонот може да му наштети на Вашиот слух.
Слушањето со висока јачина на тонот може да го оттргне Вашето внимание и
да предизвика несреќа.
Секогаш намалувајте ја јачината на тонот пред да поврзете слушалки на извор
на звук и користете само минимално неопходно нагодување на јачината на
тонот за да го слушате Вашиот разговор или музика.
Ако слушалките дојдат во контакт со туѓи тела и ако ги носите долго, може да дојде до
инфекција на ушите. Одржувајте ги слушалките чисти и суви.
Во суви средини, може да се појави статички електрицитет во слушалките. Избегнувајте
користење слушалки во суви средини или допрете метален предмет за да го испразните
статичкиот електрицитет пред да ги приклучите слушалките во уредот.
Не користете слушалки додека возите. Во спротивно може да дојде до одвлекување на Вашето
внимание и да доведе до несреќа, или може да биде незаконски во зависност од Вашиот
регион.
Бидете внимателни кога го користите уредот при пешачење или кога сте во движење
Секогаш бидете свесни за Вашето опкружување за да избегнете повреди на себе и на другите.
Loading ...
Loading ...
Loading ...