Loading ...
Loading ...
Loading ...
64
MK
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Избор на соодветен сад за готвење
1. Ставете соодветна количина на храна во садовите и тавите. Така ќе спречите прелевање на оброкот и
непотребно чистење.
2. Не користете садови кои се нестабилни и кои лесно може да се превртат на плочата за готвење.
3. Не ставајте празни садови и тави на вклучената плоча за готвење.
4. Не ставајте садови врз кои може да има влијание топлината.
5. Не ја користете плочата за готвење без садови и тави.
6. Не ги ставајте капаците за садови и тави на плочата за готвење.
7. При загревање на масло не го преклопувајте садот со капак.
8. Не ставајте масло повеќе од една третина од зафатнината на садот. Надгледувајте додека маслото се
загрева. Исклучително врелото масло може да предизвика пожар.
9. Користете само садови и тави кои се машински обработени. Острите рабови може да ја изгребат
површината на плочата.
10. Не смеат да се користат садови од стакло, керамика и земјени садови, садови од бакар или
алуминиум.
11. Ставете погодни садови така што ќе ги центрирате на плочата.
НЕПРАВИЛНО НЕПРАВИЛНО НЕПРАВИЛНО ПРАВИЛНО
12. Не користете садови со конкавно или конвексно дно.
НЕПРАВИЛНО НЕПРАВИЛНО ПРАВИЛНО
13. Кога сакате да го преместите садот на друга плоча, подигнете го и ставете го повторно, наместо да го
туркате.
НЕПРАВИЛНО ПРАВИЛНО
14. Можете да користите челик, тефлон или специјални алуминиумски садови на база на магнет со ознаки
или предупредувања што укажуваат дека садовите се компатибилни за Вашиот индукциски шпорет.
15. Можете да проверите дали садот е погоден за индукциски шпорет. Поместете го магнетот кон дното
на садот. Ако се повлече, садот е погоден за индукциски шпорет.
16. Важно е да користите метални садови за готвење посебно дизајнирани и/или одобрени за индукциски
шпорети.
Не дозволувајте меламинските или пластични садови да дојдат во контакт со зоните за загревање.
Loading ...
Loading ...
Loading ...