Loading ...
Loading ...
Loading ...
58
MK
Методи за заштита од оштетувања на стаклокерамичката
површина за готвење
Намена
Стаклокерамичката површина не е чувствителна
на топлина (до 650°C) и температурни промени.
Не може да се скрши и отпорна е на гребаници во
одредена мера. Сепак, за да избегнете каква било
штета, направете го следното:
1. Никогаш не ставајте ладна вода на врел
шпорет.
2. Немојте да стоите на стаклокерамичката плоча.
3. Нагли притисоци, на пример, пад на
соларникот може да бидат критични. Затоа, не
ставајте такви предмети на места над плочата.
4. После секоја употреба уверете се дека дното
на садот за готвење и површината за готвење
се чисти и суви.
5. Не лупете зеленчук на површината на плочата.
Зрнцата од песок што паѓаат од зеленчукот
може да ја изгребат стаклокерамичката плоча.
6. Не ставајте запаливи материјали како картон
или пластика на шпоретот. Предметите од
типот на калај, цинк или алуминиум (како
и алуминиумски фолии или празни садови
за кафе) може да се истопат на врелите
површини за готвење и така да предизвикаат
оштетување.
7. Обрнете внимание слатката храна или
овошните сокови да не дојдат во контакт
со врелите зони за готвење. Тоа може да ја
извалка стаклокерамичката површина.
1. Овој уред е дизајниран за домашна употреба.
Комерцијалната употреба на уредот не е
дозволена.
2. Овој уред може да се користи само за готвење.
Не смее да се користи за други цели, на
пример, за загревање на простории.
3. Производителот не презема никаква
одговорност за каква било штета настаната
поради погрешна употреба или погрешно
ракување.
4. Работниот век на купениот уред изнесува
10 години. За овој период производителот
обезбедува резервни делови потребни за
работење на уредот.
Електричен приклучок
1. Условите за поставување на овој уред се
назначени на етикетата или на плочката со
податоци.
2. Вашиот уред треба да го вклучите во
осигурувач соодветен за електричната
енергија. Ако е потребно, се препорачува
инсталирање да изврши овластен сервис.
3. Вашиот уред е конфигуриран во согласност со
електричното напојување 220-240V AC /
380-415V 3N AC 50 / 60Hz.
4. Ако главната електрична мрежа се разликува
од овие вредности, обратете се кај овластен
сервисер.
5. Електричното поврзување на Вашиот уред
треба да се врши само преку осигурувачи
со соодветен систем на заземјување. Ако
не е достапен соодветен осигурувач на
местото каде што ќе го инсталирате уредот,
веднаш контактирајте овластен сервисер.
Производителот не е одговорен за штети што
може да настанат поради осигурувачи чие
заземјување не е инсталирано и приклучено
на уредот.
6. Приклучокот на уредот треба да биде во
близина како би можело лесно да се пристапи
до осигурувачот чие заземјување се врши без
употреба на продолжен кабел.
7. Не дозволувајте кабелот за напојување да
дојде во допир со врелите зони. Исто така,
држете го подалеку од остри рабови и агли.
8. Ако кабелот за напојување е оштетен, истиот
треба да го замени производителот или негов
сервисер или соодветно квалификувано лице
како би се избегнала опасност.
9. Погрешното електрично поврзување може да
го оштети уредот. Во тој случај, нема да важи
гаранцијата за Вашиот уред. Електричното
поврзување на уредот треба да го изврши
овластен сервис.
Loading ...
Loading ...
Loading ...