Loading ...
Loading ...
Loading ...
57
MK
26. Ако уредот не е исправен или има видливи
оштетувања, немојте да го користите.
27. Не го допирајте приклучокот со влажни раце. Не
го влечете кабелот при исклучување, секогаш
држете го приклучокот.
28. Немојте на уредот да ставате предмети кои може
да ги дофатат децата.
29. Материјалот за пакување може да биде опасен
за децата. Истиот држете го подалеку од деца.
30. Напојувањето на шпоретот треба да биде
исклучено при сите градежни работи во куќата.
По завршување на работите, повторното
поврзување на шпоретот треба да го изврши
овластен сервис.
31. Не ставајте метални предмети како ножеви,
виљушки и лажици на површината на уредот
бидејќи ќе се загреат.
32. За да се спречи прегрејување, уредот не би
требало да се поставува зад декоративен капак.
33. Исклучете го уредот пред отстранување
на заштитните механизми. По чистењето,
инсталирајте ги заштитните механизми согласно
упатствата.
34. Местото за фиксирање на кабелот мора да биде
заштитено.
35. ВНИМАНИЕ: Ако стаклото на шпоретот е
скршено, веднаш исклучете ги грејните
елементи и исклучете го уредот од изворот
на напојување, не ја допирајте површината на
уредот и не го користете истиот.
36. Корисникот не треба самоволно да ракува со
шпоретот.
37. Кога шпоретот не се исклучува за време на
готвење, допирањето на врелите површини
може да предизвика изгореници.
38. Ако на шпоретот се наоѓаат тешки објекти,
истите може да се превртат. Тоа може да
предизвика телесни повреди.
39. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед дека
индукциските површини создаваат магнетно
поле, тоа може да предизвика штетни ефекти
врз луѓето кои користат медицински апарати
од типот на пејсмејкери или инсулински
пумпи.
40. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога индукциските
плочи се користат при голема сила или
поради некои материјали од кои се прават
садовите, може да се појави одреден шум.
Тоа е нормално.
Електрична безбедност
1. Вклучете го уредот во заземјен штекер заштитен
со осигурувач што одговара на вредностите
наведени во табелата со технички спецификации.
2. Овластен сервисер нека постави заземјување.
Нашата компанија нема да биде одговорна за
штети настанати поради користење на уредот без
заземјување во согласност со локалните прописи.
3. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако површината
е напукната, исклучете го уредот за да
спречите струен удар.
4. Никогаш не го чистете уредот со прскање или
посипување вода. Постои опасност од струен удар.
5. Не го допирајте приклучокот со влажни раце.
Не го влечете кабелот, секогаш држете го
приклучокот.
6. Исклучете го уредот при инсталирање,
одржување, чистење и поправки.
7. Проверете дали приклучокот е цврсто вметнат
во ѕидниот штекер како би избегнале искри.
8. Ако кабелот за напојување (кабелот со
приклучок) е оштетен, истиот треба да го
замени производителот или негов сервисер
или еднакво квалификувано лице како би се
избегнала опасност.
9. Не користете употребувани, оштетени или
продолжни кабли наместо оригиналниот кабел.
10. За чистење на уредот не користете чистачи на
пареа бидејќи може да дојде до електричен удар.
11. Уверете се дека нема течности во штекерот во
кој е вметнат приклучокот на уредот.
12. За инсталирање е потребен омниполарен
прекинувач што може да го исклучи
напојувањето. Исклучувањето од напојување
мора да биде обезбедено со прекинувач или
осигурувач вграден на фиксно напојување
според правилата на објектот.
13. Кабелот за напојување (кабелот со приклучокот)
не смее да ги допира врелите делови на уредот.
14. Исклучете го уредот при инсталирање,
одржување, чистење и поправки.
15. Уредот е опремен со кабел од типот ‘’Y’’.
16. Прекинувачите на струјното коло мора да
бидат поставени така што крајниот корисник
лесно ќе може да дојде до нив по инсталирање
на шпоретот.
17. Фиксните споеви мора да бидат приклучени
на електрично напојување што овозможува
омниполарен прекин на врските. За уредите
со наднапонска категорија под III, уредот за
исклучување мора да биде поврзан со фиксно
напојување според кодот за електричната
инсталација.
18. Не ги отстранувајте прекинувачите за палење
од уредот. Во спротивно, електричните кабли
под напон се необезбедени. Тоа може да
предизвика струен удар.
Loading ...
Loading ...
Loading ...