Loading ...
Loading ...
Loading ...
56
MK
Почитуван кориснику,
Ви благодариме што го одбравте нашиот производ.
Ви предлагаме внимателно да го прочитате ова упатство за употреба и секогаш да го чувате во Ваша
близина при употреба на плочата за готвење, со што би можеле да го одржите квалитетот на плочата на
нивото како при нејзиното купување и истата би Ве служела на најефикасен начин.
НАПОМЕНА
Ова упатство за употреба е сочинето за различни модели. Некои од функциите наведени во
упатството можно е да не постојат на Вашиот уред. Тие функции се означени со (*).
Нашите уреди се дизајнирани исклучиво за домашна, а не за професионална употреба.
ВЕ МОЛИМЕ ПРОЧИТАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО ПРЕД ДА ГО ИНСТАЛИРАТЕ ИЛИ КОРИСТИТЕ ОВОЈ УРЕД.
Овој уред е произведен во еколошки прифатливи и модерни постројки без нарушување на природата.
Одговара на прописите на WEEE.
ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА
1. Инсталирањето и поправките секогаш треба да
ги врши ОВЛАСТЕН СЕРВИС. Производителот
не сноси одговорност за работи извршени од
неовластени лица.
2. Внимателно прочитајте го ова упатство. Само
така ќе може да го користите уредот на безбеден
и исправен начин.
3. Шпоретот треба да се користи според
упатството за употреба.
4. При ракување држете ги настрана децата и
куќните миленици.
5. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од пожар; не
оставајте работи на површината за готвење.
6. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Уредот и неговите
достапни делови се врели во тек на работата.
7. Условите за поставување на уредот се наведени
на налепницата (или на плочката со податоци).
8. Достапните делови може да бидат врели при
користење на шпоретот. Децата треба да се
држат настрана.
9. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој уред е наменет
за готвење. Не треба да се користи за други
цели, на пример, за загревање на простории.
10. За чистење не користете чистачи на пареа.
11. НИКОГАШ не се обидувајте да угасите оган
со вода. Исклучете го напојувањето, а потоа
покријте го пламенот со капак или ткаенина за
гасење пожар.
12. Доколку не можете константно да ги
надгледувате децата помлади од 8 години, треба
да ги држите настрана од уредот.
13. Треба да избегнувате допир на грејните
елементи.
14. ВНИМАНИЕ: Процесот на готвење треба
секогаш да се надгледува.
15. Уредот не е погоден за употреба со екстерни
тајмери или системи со далечинско управување.
16. Уредот може да го користат деца над 8 години,
лица со физички, сетилни или ментални
проблеми или лица со недостаток на искуство
или знаење доколку им се обезбеди контрола
или им се понудат информации за опасностите.
17. Овој уред е дизајниран само за куќна употреба.
18. Деца не смеат да си играат со уредот. Чистењето
или одржувањето на уредот не треба да го
вршат деца, освен ако не се постари од 8 години
и под надзор од возрасно лице.
19. Уредот и каблите за напојување држете ги
подалеку од деца помлади од 8 години.
20. Тргнете ги завесите, крпите, хартиите или кој
било друг запалив материјал подалеку од уредот
пред да почнете да го користите. Не ставајте
запаливи материјали на или во уредот.
21. Држете ги отворени каналите за вентилација.
22. Не загревајте затворени лименки и стаклени
садови. Притисокот може да доведе до
експлозија на истите.
23. Не го користете уредот кога сте под дејство
на лекови и/или алкохол, бидејќи тоа може да
влијае на Вашата способност за расудување.
24. По секоја употреба проверете дали уредот е
исклучен.
25. Бидете внимателни кога користите алкохол
и храна. Алкохолот испарува на високи
температури при што може да се запали и да
предизвика пожар доколку дојде во контакт со
врели површини.
Loading ...
Loading ...
Loading ...