Philips AC0651/10

User manual - Page 357

For AC0651/10.

PDF File Manual, 402 pages, Read Online | Download pdf file

AC0651/10 photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
357
Македонски
2
1
3
4 Вратете го филтерот во апаратот. Повторно поставете ја основата и
завртете ја во насока на стрелките на часовникот за да ја прицврстите.
5 Вметнете го приклучокот на пречистувачот на воздух во приклучницата.
6 Притиснете го копчето за напојување за да го вклучите апаратот.
7 Притиснете на и задржете 3секунди за да го ресетирате бројачот за
траење на филтерот.
8 Темелно измијте ги рацете откако ќе го замените филтерот.
Ресетирање на филтерот
Филтерот можете да го замените дури и пред да се прикаже
предупредувањето за замена на филтерот ( ) на екранот. Кога ќе го
замените филтерот, потребно е рачно да го ресетирате бројачот за траење
на филтерот.
1 Притиснете го копчето за напојување за да го вклучите апаратот.
2 Во рок од 10 секунди по вклучувањето, притиснете го копчето за
промена на режим и задржете го 5секунди за да го ресетирате
бројачот за траење на филтерот.
Складирање
1 Исклучете го пречистувачот на воздух и извадете го приклучокот од
приклучницата.
2 Исчистете ги пречистувачот на воздух и површината на филтерот (видете
'Чистење').
3 Почекајте сите делови потполно да се исушат на воздух пред да ги
складирате.
4 Ставете го филтерот во херметички затворена пластична кеса.
5 Складирајте ги пречистувачот на воздух и филтерот на ладно и суво
место.
6 Секогаш темелно мијте ги рацете по ракувањето со филтер.
Решавање проблеми
Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите
при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со
помош на информациите наведени подолу, контактирајте со центарот за
корисничка поддршка во вашата земја.
Проблем Можно решение
Апаратот не работи иако е приклучен во
штекер.
Предупредувањето за замена на филтерот трепка, но не
сте го замениле соодветниот филтер. Како резултат на
тоа, апаратот сега е блокиран. Во тој случај, заменете го
филтерот и ресетирајте го бројачот за траење на
филтерот.
Loading ...
Loading ...
Loading ...