Philips AC0651/10

User manual - Page 354

For AC0651/10.

PDF File Manual, 402 pages, Read Online | Download pdf file

AC0651/10 photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
354
Македонски
Фабричко ресетирање
Ресетирајте го пречистувачот на воздух за да се врати на зададениот статус.
Ресетирајте ја Wi-Fi-врската кога ќе ја промените вашата зададена мрежа
или сметка на Philips.
-
Притиснете ги копчињата и истовремено во траење од 10 секунди
сè додека не слушнете звучен сигнал.
Чистење
Забелешка: Никогаш немојте да ги чистите деловите на апаратот со
абразивни, агресивни или запаливи средства за чистење како што се
белило или алкохол.
Распоред на чистење
Честота
Кога е неопходно
Метод на чистење
Избришете ја површината на апаратот со мека и
сува крпа
Исчистете го капакот на отворот за излез на
воздух
Секои четири недели Исчистете ја површината на филтерот
Чистење на куќиштето на пречистувачот на воздух
Редовно чистете ги внатрешниот и надворешниот дел на пречистувачот на
воздух за да не се насобере прав.
1 Користете мека и сува крпа за да ги исчистите внатрешната и
надворешната површина на пречистувачот на воздух.
2 Со сува и мека крпа може да се чисти и отворот за излез на воздух.
Чистење на сензорот за честички
Чистете го сензорот за честички секои 2 месеци за оптимално работење на
апаратот.
Забелешка:
Ако пречистувачот на воздух се користи во правливо опкружување, можеби
ќе треба почесто да се чисти.
Ако нивото на влажност во просторијата е многу високо, на сензорот за
честички може да се појави кондензација и светлото за квалитет на воздух
може да покаже послаб квалитет на воздухот иако квалитетот на воздухот е
всушност добар. Ако се случи тоа, исчистете го сензорот за честички.
1 Исклучете го пречистувачот на воздух и извадете го приклучокот од
приклучницата.
Loading ...
Loading ...
Loading ...