Loading ...
Loading ...
Loading ...
39
MK
УПАТСТВА ЗА ГОТВЕЊЕ
Бидете внимателни кога пржите, бидејќи мастите и маслото можат да се загреат многу брзо, особено доколку се
користи и опцијата “Power Boost. При ектстремно високи температури, маслото и мастите можат спонатано да се
запалат што претставува сериозна опасност од пожари.
Совети за готвење
Кога храната ќе почне да врие, смалете ја подесената
температура.
Користењето на капак го намалува времето на готвење и
заштедува енергија, така што ја задржува топлината.
Намалете ја количината на течности или масло како би
го намалиле времето кое е потребно за припрема на
храната.
Започнете со термичка обработка на храната на висока
температура, а потоа температурата намалете ја кога
храната ќе се загрее.
Пржење, готвење на ориз
Пржењето е процес кој се одвива под точката на вриење,
на околу 85˚C, кога меурчињата повремено се подигнуваат
на површината на течноста за готвење. Тоа е клучно за
правење и на вкусни супи сочни динстани јадења, бидејќи
вкусот настанува и без преготвување на храната. Сосовите
со јајца и брашно исто така би требало да се припремаат
под точката на вриење.
Некои процеси, вклучувајќи го и готвењето на оризот
со помош на методот на апсорпција, може да побараат
поголема температура од најниската како би се осигурало
дека храната ќе биде подготвена правилно во рамката на
препорачаното време.
Динстање парчиња (месо)
За припрема на сочни и вкусни парчиња (месо):
1. Оставете го месото на собна температура, 20 минути
пред припремата на истото.
2. Загрејте сад со дебело дно.
3. Премачкајте ги двете страни на парчето месо со масло.
Ставете мала количина на масло во загреаниот сад, а
потоа спуштете го местото во садот.
4. Парчето превртете го само еднаш во текот на
припремата. Точното време на припрема зависи од
дебелината на парчето и желбата колку би сакале да
биде пржено. Времето може да варира од 2-8 минути
по страна. Притиснете го парчето за да утврдите колку
е пржено – колку е поцврсто на допир, тоа е подобро
припр емено.
5. Оставете го парчето место неколку минути во топлиот
сад, како би омекнало и би постанало помеко за
сервирање.
За пржење
1. Изберете вок-тава со рамна подлога или поголем сад за
пржење кој е погоден за индукциона плоча.
2. Сите состојки и прибор нека Ви бидат припремени.
Пржењето би требало да биде брзо. Доколку
припремате поголема количина, храната припремете ја
во неколку помали порции.
3. Кратко загрејте го садот и додадете две супени лажички
масло.
4. Прво припремете било кој вид на месо, одложете го на
страна и држете го загреано.
5. Пропржување на зеленчук. Кога зеленчукот е жежок,
но сеуште крцкав, намалете ја температурата во зоната
за готвење, вратете го местото во садот и додадете го
Вашиот сос.
6. Пропржете ги сосотојките, како би сте се осигурале дека
се е потполно загреано.
7. Послужете веднаш.
Препознавање на мали предмети
Кога садот за припрема на храната е со големина која не
одговара или немагнетизиран (пр. алуминиум) или кога некој
вид на мал предмет (пр. нож, виљушка) е оставен на плочата,
плочата автоматски ќе се префрли во фаза на чекање од 1
минута. Вентилаторот ќе продолжи да ја лади плочата уште 1
минута.
Подесување на топлина Погодно за:
1 - 2
• благо загревање на помали количини на храна
• топење на чоколадо, путер и храна која брзо може да загори
• благо потпржување
• споро загревање
3 - 4
• повторно загревање
• брзо пржење
• готвење ориз
5 - 6 • палачинки
7 - 8
• динстање
• готвење на паста
9
• пржење
• гриловање (скара)
• загревање на супа
• загревање на вода
ПОДЕСУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА
Подоле наведените поставки се само насоки. Точните поставки ќе зависат од неколку фактори, вклучувајќи ги и
садовите за припрема на храна и количината која ја припремате. Експериментирајте со индукционата плоча, како
би можеле да ја најдете поставката која одговара.
Loading ...
Loading ...
Loading ...