Loading ...
Loading ...
Loading ...
33
MK
Ви честитаме за купувањето на Вашите нови индукциони
плочи.
Ви предлагаме да посветите малку време во читањето на
Упатството за употреба/Упатство за инсталација, како би
можеле потполно да го разберете и како исправно да го
инсталирате и користите уредот.
За инсталација, Ве молиме да го прочитате делот поврзан
за инсталација на уредот. Внимателно прочитајте ги сите
безбедносни упатства пред употреба и чувајте го Упатството
за употреба, за во случај да Ви затреба во иднина.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Вашата безбедност за нас е важна. Ве молиме прочитајте ги
овие информации пред употреба на пличите за готвење.
ИНСТАЛАЦИЈА
Опасност од струен удар
Прекинете го напојувањето на уредот со електрична
енергија пред било какви поправки или одржување на
истиот.
Поврзувањето на добро заземјување е неопходно и
задолжително.
Промените во домашниот систем за напојување мора да
ги изврши квалификуван електричар.
Непочитувањето на овие совети може да доведе до струен
удар или смрт.
Опасност од исекотини
Внимавајте на краевите-плочите се остри.
Невниманието може да доведе до повреда или исекотина.
Важни безбедносни упатства
Внимателно прочитајте го ова упатство пред инсталација
или употреба на уредот.
Никаков запаллив материјал или производ не смее да стои
на овој уред во било кој момент.
Ве молиме, погрижете се овие информации да бидат
достапни на личноста одговорна за инсталација на уредот,
бидејќи тоа може да ги намали трошоците за инсталација.
Како би се избегнал ризик, овој уред мора да биде
инсталиран во согласност со информациите за
инсталација.
Овој уред би требало прописно да го инсталира и заземји
само квалификувана личност.
Овој уред би требало да биде поврзан на струјно коло
кое има изолациски прекинувач, кој треба да овозможи
потполно прекинување на напонот на електрична
енергија.
Неисправната инсталација на уредот може да доведе до
поништување на било каква гаранција и одговорност.
Овој уред може да го користат деца на возраст од 8
години или повеќе и личности со смалени физички,
сетилни или ментални способности, или со помалку
искуство, доколку се под надзор, или им се дадени
упатства во врска со безбедносната употреба на уредот, и
свесност за можниот ризик.
Деца не би требало да си играат со уредот. Уредот не
смеат да го чистат деца, освен ако не се под надзор.
Доколку кабелот за напојување е оштетен, мора да
го замени неговиот произведувач, неговиот агент за
сервисирање или слични квалификувани личности, како
би се избегнале можни ризици.
Внимание: Доколку е напукната површината, исклучете
го апаратот како би избегнале можност од струен удар,
во случај да површината на плочата да е изработена од
керамичко стакло или сличен материјал кој штити живи
делови.
Металните предмети, како што се ножеви, виљушки,
лажици и капаци не би требало да стојат на површината на
плочата, со оглед на тоа што тоа може да доведе до нивно
загревање.
Не би требало да се користи чистач на пареа.
Не користете чистач на пареа за чистење на плочите за
готвење.
Уредот не е наменет за управување со помош на
надворешен тајмер или одвоен систем на далечинско
управување.
ВНИМАНИЕ: Опасност од пожар: не одложувајте
предмети на површината за готвење.
Процесот на термичка обработка на храната е потребно
да се надгледува. Краткотрајниот процес на термичка
обработка на храната треба да биде постојано
надгледуван.
ВНИМАНИЕ: Припремањето на храна со помош на масти
или масло без надзор може да биде опасно и може да
предизвика појава на отворен пламен. НИКОГАШ не
пробувајте да го изгасите пламенот со вода, туку исклучете
го апаратот, а потоа покријте го пламенот со капак или
против-пожарно ќебе, на пример.
РАКУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
Опасност од струен удар
Не гответе на скршена или разбиена плоча за готвење.
Доколку постои можност од кршење или напукнување
на површината на плочата за готвење, веднаш прекинете
го напојувањето на уредот со електрична енергија (на
ѕидниот прекинувач) и контактирајте квалификуван
техничар.
Исклучете ја плочата за готвење од напојување од ѕидот
пред чистење или поправка.
Непочитувањето на овие совети може да доведе до струен
удар или смрт.
Опасност по здравјето
Овој уред ги задоволува електромагнетните безбедносни
стандарди.
Сепак, личности со пејсмејкери за срце или други
електрични импланти (како што се инсулинските
пумпи) мораат да се консултираат со својот лекар или
произведувачот на имплантот, пред употреба на уредот,
како би биле сигурни дека електромагнетното поле нема
да влијае на неговите импланти.
Непочитувањето на овие совети може да доведе до смрт.
Опасност од жешки површини
При употреба, достапните делови на уредот ќе постанат
доволно жешки, да можат да предизвикаат изгореници.
Не дозволувајте Вашето тело, облека или други предмети,
осовен оние кои се погодни за готвење, да дојдат до
контакт со индукционото стакло, се додека површината не
се олади.
Децата треба да бидат одалечени од уредот.
Рачките на садовите за готвење можат да бидат жешки на
допир. Проверете дали рачките на садот за готвење не
поминуваат во други зони за готвење, освен на онаа на
која се наоѓаат. Држете ги рачките подалеку од децата.
Непочитувањето на овие совети може да доведе до
изгореници.
Loading ...
Loading ...
Loading ...