Loading ...
Loading ...
Loading ...
63
MK
Затворено Целосно отворено Полуотворено
2. Вентилите за плин имаат посебен механизам за заклучување. Според тоа, за да ја користите плочата
за готвење, притиснете го копчето према напред и задржете го притисокот додека истовремено го
отворате или го затворате вентилот.
3. Кај моделот со автоматско палење, палењето се остварува со помош на струја. Според тоа, пред
да почнете да го користите уредот, уверете се дека постои електричен приклучок. За овие модели,
палењето се врши на следниот начин.
4. Уверете се дека решетките на плочата за готвење целосно налегнуваат на површината на плочата за
готвење. Во спротивно, може да дојде до истекување на содржината што се става на нив.
5. Кај моделите што се опремени со сигурносни уреди за гаснење на пожар настанат од согорување на
плин, по примената на постапката за палење во согласност со горенаведените насоки, почекајте 5-10
секунди со задржан притисок на копчето. Сигурностниот механизам во текот на овој период ќе се
активира и ќе овзоможи работа на плочата за готвење. Поради уредот за гаснење на пожар настанат од
согорување на плин, вентилот за плин ќе го прекине доводот на плин до плочата за готвење во случај да,
од која било причина, дојде до гаснење на пламенот на плочата за готвење.
Вентилот на
плочата за готвење
е затворен.
За да ја вклучите
плочата за готвење,
најпрво притиснете го
копчето према напред.
Задржувајќи го
притисокот на копчето,
принесете ја запалката и
запалете оган.
Со вртење на
притиснатото копче
на лево, можете да ја
регулирате саканата
висина на пламен.
6. Сигурносен уред за гаснење на пламен (FFD) *: има моментално
дејство по активирање на сигурносниот механизам по прелевање на
течноста на горната површина за готвење.
7. При употреба на садот за подготовка на кафе, што се доставува со плочата за готвење, уверете се дека
ножиците на садот се адекватно поставени на решетката на плочата за готвење и дека садот останува
централно позициониран на зоната за готвење. Користете го садот за подготовка на кафе само во
комбинација со малиот горилник.
8. При употреба на плинските плочи за готвење, погрижете се тавата да се наоѓа точно над површината за
кување. На тој начин можете да заштедите енергија. Во табелата прикажана понатаму во текстот, даден е
преглед на препорачаните дијаметри на садовите за готвење по горилници. Она што е карактеристично
за Вок зоната за готвење е брза подготовка на храна.
9. Уверете се дека решетките целосно налегнуваат на плочата за готвење. Доколку решетката не е добро
поставена, може да дојде до истурање на содржината што се наоѓа на неа.
10. Тенџерињата и тавите ги поставувате така што нивните рачки не се наоѓаат над површината за готвење,
со што се спречува загревање на рачките.
11. Во тенџерињата и тавите ставате соодветна количина на храна. На тој начин можете да спречите
прелевање на храната и ќе го избегнете непотребното чистење.
12. Големината на садовите и пламените настанати од согорување на плинот треба да одговараат една
на друга. Прилагодете го пламенот што настанал од согорување на плин така што да не се протега
подалеку од дното на садот.
13. Немојте да употребувате нестабилни садови што лесно може да се превртат на плочата за готвење.
14. Немојте на површината за готвење со запален пламен да ставате празни тенџериња и тави.
15. Исклучете ги површините за готвење по секоја употреба.
16. Немојте на производот да ставате садови што топлината може да ги оштети.
17. Немојте да ја користите површината за готвење, доколку на неа нема тенџере или тава.
18. Немојте да ставате капаци на тенџерињата или тавите преку површината за готвење.
Loading ...
Loading ...
Loading ...