Loading ...
Loading ...
Loading ...
53
MK
Што да направите кога ќе забележите мирис на плин
Намена на производот
1. Не употребувајте отворен пламен и не
конзумирајте цигари.
2. Немојте да користите никакви електрични
прекинувачи.
(На пример, прекинувач за ламба или ѕвонче
на врата)
3. Не употребувајте телефон или мобилен
телефон.
4. Отворете ја вратата и прозорците.
5. Затворете ги сите вентили на уредите, кои за
својата работа користат плин, како и гасните
мерачи.
6. Проверете ги сите црева и конекции
за истата за да детектирате евентуални
истекувања. Доколку и понатаму можете да го
почувствувате мирисот на плин, напуштете ја
куќата и предупредете ги своите соседи.
7. Повикајте ги пожарникарите од телефон што
се наоѓа надвор од куќата.
8. Не влегувајте во куќата сè додека надлежните
служби не се уверат дека е безбедна.
1. Овој производ е направен за употреба во
домаќинството. Употребата на овој уред во
комерцијални цели не е дозволена.
2. Овој уред може да се употребува исклучиво
за подготовка на храна. Не смее да се користи
за никакви други цели, како загревање на
простории.
3. Производителот не прифаќа одговорност
за каква било штета настаната поради
неправилна употреба или неправилно
ракување.
4. Работниот век на производот што сте го
купиле изнесува 10 години. Производителот во
текот на овој период ќе обезбедува резервни
делови неопходни за работа на овој производ,
како што е дефинирано.
Поврзување на струја
1. Податоците за прилагодување на овој уред
се назначени на лепенката или плочката со
податоци.
2. Вашиот уред би требало да биде приклучен
на осигурувач што одговара на неговата
електрична моќност. Доколку е потребно, се
препорачува постапката за инсталирање да ја
изврши овластен сервис.
3. Вашиот уред еконфигуриран во согласност со
електрична мрежа од 220-240 V 50/60 Hz.
4. Доколку вредностите на главната електрична
мрежа се разликуваат од наведените
вредности, контактирајте го својот овластен
сервис.
5. Електричните приклучоци на Вашиот уред би
требало да водат исклучиво до осигурувачот со
соодветниот систем на заземјување. Доколку
на местото на поставување на Вашиот уред
не е достапен соодветен осигурувач, веднаш
контактирајте овластен сервис. Производителот
не е апсолутно одговорен за штетата што
ќе настане од поврзувањето на уредот на
осигурувачи кои не се заземјени.
6. Приклучокот на уредот би требало да биде
лесно пристапен и поврзан на осигурувач што е
заземјен, без употреба на продолжен кабел.
7. Немојте да дозволите приклучниот кабел
на Вашиот уред да дојде во допир со врели
делови на уредот. Освен тоа, држете го
подалеку од остри рабови и агли.
8. Доколку приклучниот кабеле е оштетен,
потребно е да го замени или производителот
3. По интензивна употреба на уредот во текот
на подолг временски период, може да биде
неопходно дополнително проветрување.
На пример, отворете прозор или поставете
поголема брзина на уредот за механичко
проветрување, доколку постои таков уред.
4. Овој уред мора да се користи исклучиво
на добро проветрени места, во согласност
со важечките прописи. Ве молиме да го
прочитате упатството пред инсталирање или
употреба на овој производ.
5. Пред да го поставите уредот на неговото
место, уверете се дека условите во рамки на
локалната мрежа (тип на плин и притисок на
плин) одговараат на барањата на уредот.
6. Механизмот не смее да работи подолго од 15
секунди. Доколку горилникот не се запали по
15 секунди, запрете го механизмот и почекајте
најмалку една минута пред повторно да се
обидете да го запалите горилникот.
7. Сите типови на работи што е неопходно да се
обават на плинските инсталации мора да бидат
извршени од овластени и компетентни лица.
8. Овој уред е поставен за користење на
природен гас (ПГ). Доколку овој производ
мора да го користите со друг тип на гас, морате
да го контактирате овластениот сервис заради
соодветно прилагодување на уредот.
9. Со цел соодветна работа, неопходно е
повремено да се замени капакот, цевката за
плин и стегата, а во согласност со препораките
на производителот и според потребата.
10. Плинот би требало добро да согорува во
производите што работат на плин. Плинот
што добро согорува може да се препознае по
синиот пламен и непрекинатото согорување.
Доколку плинот не согорува во доволна мера,
може да дојде до создавање на јаглероден
моноксид (СО). Јаглеродниот моноксид
е безбоен, многу токсичен гас без мирис;
дури и мали количини од овој гас може да
предизвикаат смрт.
11. Распрашајте се кај својот локален добавувач на
плин за телефонските броеви за итни случаи
во врска со плин, како и за мерките што треба
да се преземат по детектирање на мирисот
на плин.
Loading ...
Loading ...
Loading ...