Loading ...
Loading ...
Loading ...
52
MK
31. За да се спречи прегревање, уредот не треба
да се инсталира зад декоративни врати.
32. Пред да ги отстраните штитниците, исклучете
го уредот. По чистењето, поставете ги
штитниците според упатството.
33. Треба да се заштити местото на
прицврстување на кабелот.
34. ВНИМАНИЕ: Доколку стаклото на плочата е
скршено, веднаш исклучете ги сите грејни
елементи и исклучете го уредот од струја.
Не допирајте ја површината на уредот и не
користете го уредот.
35. Корисникот не би требало сам да ја пренесува
плочата за готвење.
36. Потребно е да се биде внимателен при
чистењето на плинските горилници. При
чистењето може да дојде до настанување на
телесни повреди.
37. Бидејќи во текот на или веднаш по
подготовката на храната површината за
готвење е врела, може да дојде до појава на
изгореници настанати по екстремно високата
температура и присуството на пареа.
38. Кога плочата за готвење е вклучена во текот
на подготовка на храна, корисникот може да ја
допре врелата површина, при што настануваат
изгореници.
39. Доколку на плочата за готвење се стави
поголема количина на садови, овој сад може
да се преврти, што може да предизвика
настанување на телесни повреди.
40. По инсталирањето на уредот, овозможете
негово исклучување од струја со помош на
пристапниот приклучок или прекинувач во
фиксно ожичување.
Безбедност во врска со струја
Безбедност во врска со плинот
1. Приклучете го уредот на заземјениот
приклучок заштитен со осигурувач усогласен
со вредностите наведени во рамки на
спецификацијата со техничките податоци.
2. За поставување на опремата за заземјување
ангажирајте овластен електричар. Нашата
компанија не е одговорна за штетата настаната
при употреба на производ кој не е заземјен во
согласност со локалните прописи.
3. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку површината е
напукната, исклучете го уредот за да избегнете
појава на ризик од струен удар.
4. Никогаш не го мијте уредот со тоа што ќе го
испрскате или прелиете со вода. Постои ризик
од струен удар.
5. Не допирајте го приклучокот со влажни
раце. Немојте да го влечете кабелот при
исклучување на приклучокот од штекерот.
Секогаш држете го приклучокот.
6. Исклучете го уредот од струја при
инсталирање, одржување, чистење и поправки.
7. Уверете се дека приклучокот е цврсто
поставен во ѕидниот штекер за да избегнете
искрење.
8. Доколку приклучниот кабел (кабелот за
приклучок) е оштетен, потребно е да го замени
производителот, неговиот овластен сервисер
или персонал со еднакви квалификации, за да
се спречи појава на опасни ситуации.
9. Не употребувајте исечени или оштетени
кабли или продолжни кабли. Користете само
оригинални кабли.
10. Не употребувајте чистачи на пареа за чистење
на уредот. Во спротивно, може да дојде до
струен удар.
11. Уверете се дека во штекерот каде го
приклучувате приклучокот на производот нема
никакви течности или влага.
12. За инсталирање е потребен сеполен
прекинувач, со помош на кој е можно да
се исклучи напојувањето. Исклучувањето
на напојувањето се врши со помош на
прекинувач или интегриран осигурувач
поставен на фиксно напојување во согласност
со градежните прописи.
13. Приклучниот кабел (кабелот со приклучок) не
смее да биде во контакт со врелите делови на
уредот.
14. Во текот на инсталирањето, одржување,
чистењето и поправањето, исклучете го уредот
од струја.
15. Уредот е опремен со „Y“ разделен кабел.
16. Прекинувачите на струјното коло на плочата
за готвење треба да се постават така што ќе
бидат пристапни за крајниот корисник по
поставувањето на плочата за готвење.
17. Фиксните приклучоци треба да бидат
поврзани со напојувањето, со што се
овозможува прекин на напојувањето
на сеполниот прекинувач. Кај уреди со
пренапонска категорија пониска од III, уредот
за прекин на напојувањето треба да се поврзе
на фиксно напојување во согласност со
прописите за ожичување.
18. Немојте да ги вадите прекинувачите за палење
од уредите. Во спротивно, ќе биде овозможен
пристап до неизолирани електрични кабли.
Ова може да доведе до појава на струен удар.
1. Овој уред не е поврзан на апарат за евакуација
на производот од согорување. Овој уред мора
да биде поврзан и инсталиран во согласност
со важечките прописи за инстралирање.
Условите во врска со проветрувањето мора да
се земат во предвид.
2. При употреба на плинскиот уред за готвење,
во просторијата доаѓа до создавање на
влага, висока температура и производ на
согорување. Пред сè, обезбедете добра
проветреност на кујната при употреба на
уредот. Употребете ги природните отвори за
проветрување или инсталирајте ја опремата за
механичко проветрување.
Loading ...
Loading ...
Loading ...