Samsung SAMSUNG

User Manual - Page 578

For SAMSUNG.

PDF File Manual, 982 pages, Read Online | Download pdf file

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски
460
Ако некој дел од уредот се скрши, чади или мириса
како запален, веднаш престанете да го користите
уредот. Користете го уредот само откако бил
поправен во сервисен центар на Samsung
Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите
раце и лице.
Кога уредот чади или мириса како запален, тоа може
да има како последица експлозија на батеријата или
пожар.
Придржувајте се кон сите безбедносни
предупредувања и прописи коишто се однесуваат на
употребата на Вашиот уред додека возите
Додека возите, Вашата прва одговорност е безбедното
управување со возилото. Никогаш не користете го
Вашиот уред додека возите, ако тоа е забрането со
закон. За Вашата безбедност и безбедноста на другите,
користете го Вашиот здрав разум и запомнете ги
следниве совети:
Поставете го Вашиот уред да биде лесно достапен.
Осигурете се дека имате пристап до Вашиот безжичен
уред без да го оттргнете погледот од патот.
Откажете ги повиците во густ сообраќај или во опасни
временски услови. Дожд, лапавица, снег, мраз и густ
сообраќај може да бидат опасни.
Не снимајте гласовни белешки. Снимањето гласовни
белешки додека возите Ви го одзема вниманието од
Вашата главна одговорност - безбедното возење.
Одговарајте на дојдовни повици разумно и проценете
го сообраќајот. Одговарајте на дојдовни повици
кога не сте во движење или пред да се вклучите во
сообраќајот. Обидете се да ги планирате Вашите
повици кога не сте во движење.
Loading ...
Loading ...
Loading ...