User Manual - Page 630

For 43HK5600.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски - 36 -
може да се откачи во зависност од условите со
радиобрановите, телефоните DECT или други
WLAN 11b-уреди. Стандардните вредности на
брзината на пренос се теоретски максималните
вредности за безжичните стандарди. Тие не се
вистинските брзини на пренесување податоци.
Локацијата каде што преносот е најефективен
се разликува во зависност од околината во која
се користи.
Безжичната опција на ТВ-уредот поддржува
типови модеми 802.11 a, б, г и н. Се препорачува
да го користите комуникацискиот протокол IEEE
802.11n за да избегнете секакви можни проблеми
додека гледате видео-записи.
Мора да го смените SSID на вашиот модем кога
има други модеми со истиот SSID. Инаку можете
да имате проблеми со врската. Користете жичена
врска ако имате проблеми со безжичната врска.
Конфигурирање поставки на безжичниот уред
Отворете го менито Мрежни поставки и изберете
под вид мрежа безжичен уред за да почне
процесот на поврзување.
Означете ја опцијата Скенирај безжични мрежи
и притисни ОК за да почнете пребарување за
достапните безжични мрежи. Ќе се појават на
список сите најдени мрежи. Изберете ја саканата
мрежа од списокот и притиснете OK за да се
поврзете.
Забелешка: Ако модемот поддржува N-режим, треба да
ставите поставки за N-режим.
Ако избраната мрежа е заштитена со лозинка, ве
молиме, внесете го правилниот клуч со помош на
виртуелна тастатура. Можете да ја користите оваа
тастатура преку навигациските копчиња и копчето
OK на далечинскиот управувач.
Почекајте додека не се појави IP-адресата на
екранот.
Ова значи дека врската сега е воспоставена. За
да се исклучите од безжична врска, истакнете Вид
мрежа и притиснете на копчето за лево или десно
за да поставите на неактивирано.
Ако вашиот рутер е WPS, можете директно да
се поврзете за рутерот без да внесувате лозинка
или прво да ја додадете мрежата. Изберете ја
опцијата Притиснете WPS на wifi-рутерот и
притиснете OK. На модемот/рутерот притиснете го
WPS-копчето за да воспоставите врска. Ќе видите
потврда за врската на ТВ-уредот кога ќе се спојат
уредите. Изберете ОК за да продолжите. Нема
потреба од дополнително конфигурирање.
Обележете Тест на брзината на интернетот
и притиснете го копчето ОК за да ја проверите
брзината на интернет врската. Обележете Напредни
поставки и притиснете го копчето ОК за да го
отворите менито за напредни поставки. Користете
ги копчињата за насока и нумеричките копчиња
за поставување. Притиснете го копчето Зачуваји
притиснете ОК за да ги зачувате поставките кога
ќе завршите.
Други информации
Ќе се прикаже статусот на врската како поврзана
или неповрзана и тековната ИП-адреса , ако се
воспостави врска.
Поврзување на вашиот мобилен уред преку
WLAN
Ако Вашиот мобилен уред има WiFi-функција,
можете да го поврзете вашиот ТВ-уред преку
рутер за да пристапите до содржините во Вашиот
уред. За оваа цел, вашиот мобилен уред мора да
има соодветен софтвер за споделување.
Поврзете го ТВ-уредот со рутерот следејќи ги
чекорите спомнати во деловите погоре.
Потоа, вклучете го вашиот мобилен уред во
рутерот и потоа активирајте го софтверот за
споделувње на мобилниот уред. Потоа, изберете
ги датотеките што би сакале да ги споделите на
вашиот ТВ-уред.
Ако се воспостави врската правилно, ќе можете да
пристапите до споделените датотеки инсталирани
на вашиот мобилен телефон преку одликата
Аудио-видео споделување АВС) на вашиот
ТВ-уред.
Означете ја опцијата АВС во менито Извори
и притиснете ОК, ќе се прикажат достапните
медиумски сервери во мрежата. Изберете го
Вашиот мобилен уред и притиснете го копчето
OK за да продолжите.
Ако е достапна, може да ја симнете апликацијата
за виртуелниот далечински управувач од серверот
на добавувачот на апликации за вашиот мобилен
уред.
Забелешка: Постои можност оваа опција да не е
поддржана на сите мобилни уреди.
Wake ON
Wake-on-LAN (WoL) е стандард што дозволува
уред да се вклучи или разбуди од мрежна порака.
Пораката се праќа до уредот со програма изврпена
на далечински уред поврзан на истата локална
обласна мрежа, како што е смарт телефон.
Вашиот ТВ-уред е компатибилен со WoL и WoWLAN
. Оваа одлика може да се деактивира во текот на
првата иснсталација. За да ја активирате оваа
одлика, поставете ја опцијата Wake On од менито
Мрежа/Интернет поставки како вклучена. Треба
и уредот од кој се праќа мрежната порака до ТВ-
уредот и ТВ-уредот да се поврзани на иста мрежа.
Одликата Wake On може да се користи само за
Loading ...
Loading ...
Loading ...