User Manual - Page 612

For 43HK5600.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски - 18 -
Притиснете го повторно копчето Репродукција за
да ја гледате паузираната програма од моментот
на стопирање. Притиснете го копчето Стоп за да
го запрете снимањето за прегледување подоцна и
да се вратите на преносот во живо.
Тајмшифтингот не може да се користи на радио.
Можете да ја користите одликата за брзо напред
на снимањето за прегледување подоцна пред да
продолжите со опцијата нормала репродукција
или брзо напред.
Инстантно снимање
Притиснете на копчето снимање за да започнете
со снимање на некоја програма додека ја гледате.
Притиснете на копчето Стоп за да го запрете
инстантното снимање.
Не можете да сменувате програми во текот на
снимањето. За време на снимање програма или за
време на снимањето со временско поместување,
на екранот ќе се појави предупредувачка порака
доколку брзината на вашиот УСБ-уред не е
доволна.
Гледање на сниманите програми
Изберете ја Снимки од менито ТВ. Одберете
снимка од листата (ако претходно имало снимено).
Притиснете на OK за да го видите менито Опции.
Изберете опција и притиснете го копчето OK.
Забелешка: За време на плејбекот главното мени и
опциите на мените нема да бидат достапни.
Притиснете на копчето Стоп за да го запрете
плејбекот и да се вратете на Снимки.
Бавно напред
Ако притиснете на Пауза додека гледате некоја
снимена програма, опцијата за одење бавно
напред ќе биде достапна. Можете да го користите
копчето Брзо напред за да одите бавно напред. Со
консекутивно притискање на копчето Брзо напред
ќе ја смените брзината на бавно движење напред.
Поставки за снимање
Можете да ги конфигурирате и своите преференции
за снимање табулаторот Поставки во менито ТВ-
уред>Снимки. Означете го табулаторот Поставки
со копчето Лево или Десно и притиснете ОК. Потоа
изберете го саканиот елемент во подмениот и
поставете го со кочето Лево или Десно.
Почни порано: Со оваа опција може да го
поставите времето на почеток на тајмерот за
снимање да почне порано.
Заврши подоцна: Со оваа поставка може да
го поставите времето на почеток на тајмерот за
снимање да заврши подоцна.
Max Timeshift: Поставката ви дозволува да го
поставите времето кое е максимум дозволено
за снимање за подоцнежно гледање. Достапните
опции се произволни и вистинското времетраење
на снимањето може во пракса да се смени,
во зависност од емитувањето. Резервираните
вредности и тие на слободниот простор за
складирање ќе се сменат во согласност со оваа
поставка. Проверете дали имате доволно слободен
простор, инаку нема да биде возможно инстант
снимање.
Автоотфрлање: Може да го поставите видот
Отфрлање на Никакво, Најстаро, Најдолго
или Најкратко. Ако не е поставено на Никакво,
може да ја поставите опцијата Нерепродуцирано
на Додадено или Недодадено. Овие опции
ги определуваат преференциите за бришење
на снимките за да се добие повеќе простор за
складирање за тековни снимки.
Информации за хард дискот: Може да гледате
детални информации за УСБ-уредот за скалдирање
поврзан со вашиот ТВ-уред. Означете и притиснете
ОК за да видите и притиснете Назад/Врати се за
да затворите.
Форматирање на диск: Ако сакате да ги
избришете сите датотеки на поврзаниот УСБ-
уред за складирање и да го смените форматот на
дискот на FAT32, може да ја користите оваа опција.
Притиснете на копчето ОК кога е селектирана
опцијата Format Disk. На екранот ќе се појави мени,
со барање за вашиот PIN-број (*). Откако ќе внесете
PIN, ќе се прикаже потврдна порака. Изберете Да
и притиснете ОК за да поченте да го форматирате
УСБ-уредот за складирање. Селектирајте NO и
притиснете на ОК за да откажете.
(*) Стандардната вредност на ПИН-бројот може да се
постави како 0000 или 1234. Ако имате избран ПИН (се
бара во зависност од изборот на земја) при првичното
инсталирање користете го ПИН-бројот што го имате
избрано.
ВАЖНО! Форматирањето на УСБ-дискот ќе ги
избрише СИТЕ податоци на него и системот
на датотеки ќе биде конвертиран во FAT32. Во
најголем дел случаи грешките на ракувањето ќе
бидат поправени по форматирањето, но ќе ги
изгубите СИТЕ податоци.
Ако пораката Брзината на пренесување на USB-
дискот е многу бавна за снимањесе прикаже
на екранот кога започнувате со снимање, пробајте
да го рестартирате снимањето. Ако и после тоа ја
добиете истата грешка, можно е вашиот USB-диск
да не е во согласност со барањата за брзина.
Пробајте да поврзете друг USB-диск.
Loading ...
Loading ...
Loading ...