User Manual - Page 602

For 43HK5600.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски - 8 -
ја позицијата на која сакате да го поместите
елементот и притиснете ОК.
2. TV
2.1. Пребарување
Може да пребарувате канали, програми, услуги или
поставки користејќи ја оваа опција. Притиснете ОК
и внесете клучен збор со виртуелната тастатура.
Потоа, обележете ОК и притиснете ОК за да почне
пребарувањето. Резултатот ќе се ќе се прикаже на
екранот. Изберете го саканиот резултат со копчиња
за насока и притиснете ОК за да отворете.
2.2. Водич
Со оваа опција може да пристапите до менито
на електронскиот програмски водич. Видете го
делот Електронски програмски водич за повеќе
информации.
2.3. Канали
Со оваа опција може да пристапите до менито
Канали. Видете го делот Користење на списокот
канали за повеќе информации.
2.4. Тајмери
Може да поставите тајмери за идни настани со
опцијата на ова мени. Може да ги ревидирате и
претходно креираните тајмери под ова мени.
За да додадете нов тајмер, изберете го табулаторот
Додај тајмер со копчиењата Лево/Десно и
притиснете ОК. Поставите ги опциите на подменито
како што сакате и кога ќе завршите, притиснете ОК.
Ќе се направи нов тајмер.
За да уредите претходно креиран тајмер, означете
го тајмерот, изберете Уреди го избраниот тајмер и
притиснете ОК. Сменете ги опциите на подменито
како што сакате и притиснете ОК за да ги зачувате
поставките.
За да уредите претходно креиран тајмер, означете
го тајмерот, изберете Избриши го избраниот
тајмер и притиснете ОК. ќе се прикаже потврдна
порака Изберете ДА и притиснете ОК за да
продолжите. Тајмерот време ќе се откаже.
Не може да се постават тајмери за два или
повеќе поединечни настани што ќе се емитуваат
на различни канали во ист временски интервал.
Во овој случај, ќе ви биде побарано да изберете
еден од овие тајмери и да ги откажете другите.
Означете го тајмерот што сакате да го откажете
и притиснете ОК, ќе се прикаже менито Опции.
Потоа означете Постави/Откажи и притиснете
ОК за да го откажете тајмерот. Ќе мора да ги
зачувате измените после тоа. За да го направите
тоа, притиснете ОК, означете Зачувај промени и
притиснете повторно ОК.
2.5. Снимки
Може да ги уредувате снимките со опциите на
ова мени. Можете да репродуцирате, уредувате,
бришите или сортирате претходно снимени
настани. Означете табулатор со копчето за насока
Лево или ДЕсно и притиснете ОК за да ги видите
достапните опции. Видете го делот УСБ-снимање
за повеќе информации.
3. Поставки
Може да ги уредувате поставките на вашиот ТВ-
уред со опциите на ова мени. Видете го делот
Содржина на менито Поставки за повеќе
информации.
4. Апликации
Кога вашиот телевизор е поврзан на интернет,
сродни содржини исто така ќе бидат достапни,
вклучувајќи и сродни содржини за Апликациите.
Со менито Апликации може да пристапите до
и да управувате со своите апликации. Може да
додавате нови апликации од пазарот или да
бришите постојни. Видете го делот Апликации за
повеќе информации.
5. Извори
Може да ги уредувате влезните референци на
изворот со опциите на ова мени. За да го смените
тековниот извор, означете една од опциите и
притиснете ОК.
5.1. Поставки за изворот
Уредете ги имињата, активирајте или деактивирајте
ги избраните опции за извор Има нормални и
напредни опции за изворите HDMI. Нормалните
и подобрените опции влијаат врз поставката на
бои за избраниот извор HDMI.
Може да ги поставите повторно приспособувањето
по мерка на менијата Почетно и Апликации на
стандарните поставки со опцијата Повторно постави
мени во менито Поставки (достапноста зависи
од ТВ-моделот и од неговите карактеристики).
Означете ја оваа опција и притиснете ОК. ќе
се прикаже потврдна порака Изберете ДА и
притиснете ОК за да продолжите. Имајте предвид
дека нема да можете да ја извршувате оваа опција
повторно следните 2 минути.
Ставање батерии во далчинскиот управувач
Отстранете го задниот капак за да го отворите
одделот за батерии. Вметнете две батерии AAA.
Проверете дали знаците (+) и (-) се поклопуваат
(внимавајте на поларитетот). Не користете стари
и нови батерии истовремено. Заменете ги само со
ист или истоветен тип. Вратете го капакот.
Ќе се прикаже порака на екранот кога батериите се
истрошени и мора да се заменат. Имајте предвид
дека кога батериите се при крај, тоа може да влијае
врз работењето на далечинскиот управувач.
Батериите не треба да се изложуваат на висока
топлина како на пример на сонце, оган или сл.
Loading ...
Loading ...
Loading ...