User Manual - Page 617

For 43HK5600.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски - 23 -
АОЗ (Автоматско
ограничување
звук).
Го поставува звукот на фиксирано ниво помеѓу програмите.
Ако опцијата на менито Dolby Audio е поставена на опција која не е Исклучено,
опциите на AVL-поставката ќе се смени. Ќе бидат достапни опциите Авто, Ноќ,
Нормално и Исклучено . Во режим Авто, ТВ-уредот ќе се премести на режим
Нормално или Ноќ
во зависност од тековните информации за времето. Ако нема
информации за времето оваа опција секогаш ќе функционира како Нормално.
Кога ТВ-уредот ќе се префрли на режим Ноќ првпат по поставување на опцијата
на Авто, ќе скокне информативна лента на екранот.
Ве молиме, имајте предвид дека во споредба со режимот Нормално, режимот
Ноќ, нуди поагресивна динамична контрола на компресијата која е соодветна за
тивки опкружувања.
Напредни поставки
Еквилајзер
Го избира режимот на еквилајзерот. Поставките можат да се прилагодат по желба
само во режимот Корисник.
Засилување на
бас
Го контролира нивото на засилување на басот. Поставете го со копчето Лево или
Десно.
DTS DRC
Контрола на динамичниот опсег овозможува приспособување на засилувањето
на ниски и високи нивоа на репродуцирање. Ќе функционира само ако
изворниот аудио формат е DTS. Активирајте или деактивирајте го DTS DRC
поставувајќи го како Вклучено или Исклучено.
Режим на звукот
Можете да изберете режим на звук (ако избраниот канал го поддржува тоа).
Дигитален излез
Го поставува типот на дигиталниот аудио излез. Оваа опција нема да биде достапна
ако опцијата за Излез на звук не е поставена на S/PDIF.
Слушалки/Излез
за линија
При поврзувањето на надворешен засилувач на вашиот ТВ-уред користејќи
го приклучокот за слушалки, можете да ја изберете оваа опција како Излез за
линија. Ако на телевизорот сте поврзале слушалки, поставете ја оваа опција
како Слушалки.
Ве молиме, пред да ги користите слушалките, обезбедете овој избор од менито
да е поставен на Слушалки. Ако е поставен како Излез на линија, излезот од
приклучокот на слушалките ќе биде ставен на максимум, а тоа би можело да ви
го оштети слухот.
Слушалки
Го подесува звукот на слушалките. Оваа опција нема да биде достапна ако опцијата
Слушалки/Излез за линија не е поставена на Слушалки.
Ве молиме, обезбедете нивото на звукот да е поставено на ниско пред да ги
користите слушалките, за да не си го повредите слухот.
Ресетирање
Ресетира некои од звучните поставки на стандардните фабрички вредности.
Loading ...
Loading ...
Loading ...