Vitamix E310 + PERSONAL CUP ADAPTER

Explorian E310 Owner s Manual 1 - Page 137

For E310 + PERSONAL CUP ADAPTER.

PDF File Manual, 200 pages, Download pdf file

Loading ...
Loading ...
Loading ...
137
грижа и чист е њ е
7. Ако мешавината престане да циркулира, вметнете ја пластичната рачна низ затката на капакот и мешајте додека не „подждригне“.
Ако тоа не успее, притиснете го прекинувачот Вклучи/Исклучи за да го сопрете моторот. Отстранете го садот од основата на
блендерот и употребете гумена шпакла за да ги тргнете воздушните меури од сечилата. Ако има потреба, додадете течност. Вратете
го капакот и затката на капакот. Вратете го садот на основата на блендерот и продолжете да бендирате.
8. По блендирањето, почекајте додека да сопрат сосем сечилата пред да го отстраните капакот или садот од основата на блендерот.
Совети за спречување на „преоптоварување“ на блендерот:
Подготвувајте само рецепти на Vitamix кога учите да го користите блендерот.
Не подготвувајте рецепти на брзини пониски или повисоки од препорачаната.
Не подготвувајте рецепти подолго од препорачаното време.
Употребувајте ја пластичната рачка кога обработувате погусти мешавини и терајте ги состојките да се движат околу и низ сечилата.
Како да се употребува пластичната рачка:
ВАЖНО! Дискот за прскање (близу врвот на пластичната рачка) и капакот спречуваат пластичната рачка да не ги удира сечилата
кога капакот е безбедно прицврстен на место.
Садот не треба да биде полн повеќе од две третини кога пластичната рачка се користи во текот на блендирањето.
За да избегнете прегревање во текот на блендирањето, НЕ употребувајте ја пластичната рачка континуирано подолго од 30 секунди.
Ако храната не циркулира, во блендерот може да се заглавил воздушен меур. Внимателно отстранете ја затката за капакот,
внимавајќи капакот да остане цврсто на место. Пукнете го воздушниот меур вметнувајќи ја пластичната рачка низ отворот на затката
на капакот.
Состојките можеби нема да почнат да циркулираат ако ја држите пластичната рачка право надолу. Ако има потреба, насочете ја
пластичната рачка кон страните или аглите на садот. НЕ обидувајте се со сила да ја пикнете пластичната рачка во садот.
Следете ги овие упатства ако не сакате да го миете садот во машината за миење
садови.
За да го исчистите садот од 48 унци:
1. Наполнете го садот до половина со топла вода и додадете неколку капки течно средство за миење садови.
2. Кликнете или притиснете го целиот капак од два дела во прицврстена позиција.
3. Притиснете Старт/Стоп. Полека зголемете ја варијабилната брзина до 10.
4. Пуштете ја машината да работи 30 до 60 секунди.
5. Ротирајте го копчето на варијабилната бризина назад до Варијабла 1. Притиснете Старт/Стоп.
6. Исплакнете и исцедете ги сите парчиња.
За да го дезинфицирате садот од 48 унци со белило:
1. Следете ги упатствата за чистење дадени погоре.
2. Наполнете го садот до половина со вода и додадете 1 ½ мали лажички течно белило.
3. Кликнете или притиснете го целиот капак од два дела во прицврстена позиција.
4. Ротирајте го копчето во правецот на движење на стрелките на часовникот до Варијабилна брзина 1.
5. Притиснете Старт/Стоп. Полека зголемете ја варијабилната брзина до 10.
6. Пуштете ја машината да работи 30 до 60 секунди.
7. Ротирајте го копчето на варијабилната бризина назад до Варијабла 1. Притиснете Старт/Стоп.
8. Оставете ја мешавината да стои во садот дополнителни 1 ½ минути.
9. Истурете ја мешавината со белило. Оставете го садот да се исуши на воздух. Не плакнете по дезинфекцијата.
ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА:
1. Избришете ја основата со топла влажна крпа и пребришете ја со сува, мека крпа. Измијте ги садовите, чашите, капаците,
затката на капакот и пластичната рачка со топла, сапунеста вода. Исплакнете ги сите делови. Избришете ги со сува, мека
крпа.
2. Изберете место на пултот што е рамно, суво и чисто. Вклучете го кабелот на блендерот во заземјен штекер.
Забелешка: Вашиот сад Vitamix е дизајниран да може целосно да се чисти без вадење на завртката со држач и сетот
сечила. НЕ обидувајте се да ги отстраните завртката со држач и сетот сечила од садот. Нашите нормални постапки за
чистење и за дезинфицирање или циклус на чистење во машина за садови ќе осигурат целосно и темелно чистење на
садот и на неговите компоненти. Ако е оштетен садот, ве молиме, не користете го. ВЕДНАШ контактирајте ја Службата
за клиенти на Vitamix.
Loading ...
Loading ...
Loading ...