Loading ...
Loading ...
Loading ...
28
MK
Проблем Можна причина Што да се направи
Плочата за готвење не може
да се вклучи.
Нема струја. Погрижете се плочата да биде поврзана на
напојување со електрична енергија и да биде
вклучена. Проверете дали дошло до прекин
на напојувањето во Вашиот крај. Ако сте
провериле сѐ, а проблемот останува, повикајте
квалификуван техничар.
Тастерите на допир не
реагираат.
Тастерите се заклучени. Отклучете ги тастерите. Погледнете го одделот
“Употреба на Вашата керамичка плоча” за
упатства.
Тастерите тешко работат. Можно е да постои тенок слој вода на тастерите
или ги користите врвовите на прстите при допир на
тастерите.
Погрижете се површината на тастерите да
биде сува и користете ги јаготките на прстите
при допир на тастерите.
Стаклото е изгребано. Садови со груби рабови.
Користена е несоодветна, абразивна жица или
средства за чистење.
Користете садови со рамно и мазно дно.
Погледнете во “Избор на вистински садови за
подготовка на храна”.
Погледнете во “Грижа и чистење”.
Садовите потпукнуваат или
создаваат крцкави звуци.
Можна причина е материјалот од кој се направени
садовите (слоевите од различен метал различно
вибрираат).
Тоа е нормално за садовите и не е знак за
грешка.
СОВЕТИ
Што? Како? Важно!
Секојдневно валкање
на стаклото (отпечаток
од прсти, траги,
дамки од храна или
нешеќерна излеана
содржина на стаклото).
1. Прекинете го напојувањето на плочата со електрична
енергија.
2. Користете средство за чистење на плочата додека
стаклото е сѐ уште топло (но не врело!)
3. Измијте ја и исушете ја со чиста ткаенина или хартиен
бришач.
4. Повторно приклучете ја плочата на електрична
енергија.
Кога е прекинато напојувањето на плочата со
електрична енергија, нема да има ознаки кои
покажуваат “врела површина”, но зоната за
готвење може да биде сѐ уште врела! Бидете
многу внимателни.
Грубите жици, некои видови најлонски жици
и груби/абразивни средства за чистење
може да го изгребат стаклото. Секогаш
прочитајте ја етикетата, за да видите дали
средството за чистење или жицата се
соодветни.
Никогаш не оставајте талози од средство
за чистење на плочата: може да се појават
дамки.
Дамки од вриење,
топење и врели дамки
од шеќер на стаклото.
Отстранете ги веднаш со шпакла, нож или стругалка
погодна за стаклено-керамички плочи, но пазете се од
врелата површина на зоните за готвење:
1. Прекинете го напојувањето на плочата.
2. Држете ја стругалката или приборот под агол од 30°
и изгребете ја дамката или излеаната содржина од
ладниот дел на плочата.
3. Исчистете ја дамката или прелеаната содржина со
крпа или хартиен бришач.
4. Следете ги горенаведените чекори од 2 до 4 за
“Секојдневно валкање на стаклото”.
Отстранете ги дамките настанати од
слатка храна, топење или вриење што е
можно порано. Ако дамките се изладат на
стаклото, постои можност дека тешко ќе се
отстранат, а може дури и трајно да ја оштетат
стаклената површина.
Опасност од исеченици: кога сигурносната
маска е отстранета, сечилото на стругачот
е остро како жилет. Користете го многу
внимателно и секогаш држете го подалеку
од дофат на деца.
Дамки настанати од
вриење на тастерите
на допир.
1. Прекинете го напојувањето на плочата со електрична
енергија.
2. Соберете ја излеаната течност.
3. Исчистете ги тастерите со чист влажен сунѓер или
ткаенина.
4. Исушете ја површината со хартиен бришач.
5. Повторно вклучете го напојувањето на уредот.
Плочата за готвење може да даде звучен
сигнал, а тастерите на допир можно е да не
функционираат додека на нив има течност.
Погрижете се површината на тастерите да
биде потполно сува пред повторно да го
вклучите уредот.
ГРИЖА И ЧИСТЕЊЕ
Loading ...
Loading ...
Loading ...