Loading ...
Loading ...
Loading ...
23
MK
Ви честитаме за купувањето на Вашата нова керамичка
плоча.
Ви препорачуваме да одвоите одредено време за да го
прочитате ова Упатство за употреба / Упатство за инсталирање
за во потполност да разберете како правилно да ја инсталирате
и да ракувате со неа. При инсталирањето, Ве молиме
прочитајте го делот за инсталација на уредот. Прочитајте ги сите
безбедносни упатства внимателно пред употреба и чувајте го
упатството ако Ви затреба за идно користење.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Важна ни е Вашата безбедност. Ве молиме прочитајте ги овие
информации пред употреба на плочата за готвење.
ИНСТАЛАЦИЈА
Опасност од струен удар
Прекинете го напојувањето на уредот со електрична енергија
пред каква било поправка или одржување на истиот.
Поврзувањето на добро заземјување е неопходно и обврзно.
Промените во домашниот систем на напојување мора да ги
изврши квалификуван електричар.
Непочитувањето на овој совет може да доведе до струен удар
или смрт.
Опасност од исеченици
Внимателно – рабовите на плочата се остри.
Невнимателноста може да доведе до повреди и исеченици.
Важни безбедносни упатства
Внимателно прочитајте го ова упатство пред инсталација или
употреба на уредот.
Никаков запалив материјал не смее да стои над уредот во кој
било момент.
Ве молиме, погрижете се овие информации да бидат
достапни за лицето одговорно за инсталација на уредот, што
може и да ги намали трошоците за инсталација.
За да се избегнат ризици, уредот мора да биде инсталиран
согласно овие информации за инсталација.
Уредот треба прописно да го инсталира и заземји само
соодветно квалификувано лице.
Уредот треба да биде поврзан во струјно коло кое има
изолациски прекинувач, што овозможува потполн прекин на
напојувањето со електрична енергија.
Неисправната инсталација на уредот може да доведе до
поништување на каква било гаранција и одговорност.
Овој уред може да го користат деца постари од 8 години
и лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности, или со недостаток на искуство и знаење, ако
се под надзор или ако им се дадени упатства за безбедна
употреба на уредот, и притоа се свесни за можните ризици.
Деца не би требало да си играат со уредот. Уредот не смее да
го чистат и одржуваат деца, освен ако не се под надзор.
Доколку кабелот за напојување е оштетен, мора да го замени
производителот, сервис ангажиран од него или слично
квалификувано лице, за да се избегнат можни ризици.
Предупредување: Ако површината е напукната, исклучете
го уредот за да избегнете можност од струен удар, во случај
површината на плочата да е изработена од керамичко стакло
или сличен материјал, кој ги штити живите делови.
Метални предмети, како ножеви, виљушки, лажици и капаци
не би требало да стојат врз површината на плочата, со оглед
дека ќе дојде до нивно загревање.
Не би требало да користите чистач на пареа.
Не користете чистач на пареа за плочите за готвење.
Уредот не е наменет за управување со помош на надворешен
тајмер или одвоен систем на далечинско управување.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасност од пожар: не ги оставајте
предметите на површината за готвење.
Процесот на термичка обработка на храната е потребно да се
надгледува. Краткотрајниот процес на термичка обработка на
храната треба да биде константно надгледуван.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подготовката на храната со маст или
масло без надзор може да биде опасна и да предизвика
појава на отворен пламен. НИКОГАШ не се обидувајте да го
угаснете пламенот со вода, туку исклучете го уредот и потоа
покријте го огнот, со капак или противпожарно ќебе, на
пример.
РАКУВАЊЕ И
ОДРЖУВАЊЕ
Опасност од струен удар
Не гответе на напукната или скршена плоча за готвење.
Доколку постои можност од кршење или распукнување на
површината на плочата, веднаш прекинете го напојувањето
на уредот со електрична енергија (на ѕидниот прекинувач) и
контактирајте квалификуван техничар.
Исклучете ја плочата од напојување пред чистење или
поправки.
Непочитувањето на овој совет може да доведе до струен удар
или смрт.
Опасност по здравјето
Уредот ги задоволува електромагнетните безбедносни
стандарди.
Меѓутоа, лицата со пејсмејкери за срце или други
електрични импланти (како инсулински пумпички) мора да
се консултираат со својот лекар или со производителот на
импланти пред употреба на уредот, со што би биле сигурни
дека електромагнетното поле нема да влијае врз нивните
импланти.
Непочитувањето на овој совет може да доведе до смрт.
Опасност од врели површини
При употреба, достапните делови на уредот ќе станат доволно
врели за да може да предизвикаат изгореници.
Не дозволувајте Вашето тело, облека или кој било друг
предмет, освен оние погодни за готвење, да дојде во контакт
со индукционото стакло додека површината не се излади.
Децата треба да бидат оддалечени од уредот.
Рачките на садот за готвење може да бидат врели при допир.
Проверете рачките на садот да не преминуваат на другите
зони за готвење, освен онаа на која се наоѓаат. Држете ги
рачките подалеку од дофат на деца.
Непочитувањето на овој совет може да доведе до изгореници.
Опасност од исеченици
Сечилото на стругачот за плочата за готвење е откриено
кога ќе се отстрани сигурносната маска. Користете го многу
внимателно и секогаш чувајте го подалеку од дофат на деца.
Невнимателноста може да доведе до повреди или исеченици.
Loading ...
Loading ...
Loading ...