User Manual - Page 172

For HX6352/42.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски
Важни безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да ги
користите уредот и зачувајте ги за во иднина.
Забелешка: Додатоците и функциите на различните производи
се разликуваат. На пример, некои модели имаат стерилизатор
или се опремени со Bluetooth.
Опасност
- Чувајте го полначот и/или стерилизаторот подалеку од вода.
Не поставувајте го и не складирајте го уредот каде што може
да падне или да биде повлечен во када или лавабо.
- Не потопувајте го полначот и/или стерилизаторот во вода или
друга течност.
- По чистењето, проверете дали полначот и/или
стерилизаторот е целосно сув пред да го поврзете со ѕидниот
штекер.
Предупредување
- Овој уред може да го користат деца и лица со намалени
физички, сензорни или ментални способности или со недостиг
на искуство и знаење, доколку се под надзор или добиваат
инструкции за користењето на уредот на безбеден начин и ги
разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да го
чистат или да го одржуваат уредот без надзор.
- Децата не треба да си играат со уредот.
- Ако уредот се оштети на кој било начин (главата на четката,
рачката на четката за заби, полначот и/или стерилизаторот),
престанете да го користите.
- Кабелот за напојување не може да се замени. Доколку е
оштетен, фрлете го полначот и/или стерилизаторот.
- Секогаш заменувајте го полначот и/или стерилизаторот со
друг од оригинален тип со цел да се избегне опасност.
- Уредот не содржи делови што корисникот може да ги
сервисира. Ако уредот се оштети, контактирајте со Центарот
за грижа на корисниците во вашата држава (видете
'Гаранција и поддршка').
- Чувајте го кабелот подалеку од загреани површини.
172
Македонски
Loading ...
Loading ...
Loading ...