Samsung SM-R885F Galaxy Watch4 Classic LTE

User Manual - Page 368

For SM-R885F. Also, The document are for others Samsung models: SM-R860, SM-R870, SM-R880, SM-R890, SM-R865F, SM-R875F, SM-R895F

PDF File Manual, 616 pages, Read Online | Download pdf file

SM-R885F photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски
367
Правилно грижете се и користете го Вашиот
уред
Уредот мора секогаш да биде сув
Влажноста и течностите може да ги оштетат деловите или електричните кола на Вашиот
уред.
Во овој уред се вградени индикатори за течност. Оштетувањата на Вашиот уред
предизвикани од вода може да ја поништат гаранцијата на производителот.
Чувајте го Вашиот уред само на рамни површини
Ако Вашиот уред падне, може да се оштети.
Уредот може да се употребува на места со амбиентална температура од 0 °C до
35 °C. Можете да го складирате уредот на амбиентална температура од -20 °C до
50 °C. Користењето или складирањето вон препорачаните опсези на температура
може да предизвикаат оштетување на уредот или да го намалат животниот век на
батеријата
Не чувајте го Вашиот уред во многу топли простории како на пример во автомобил
летно време. Во спротивно може да дојде до неправилно функционирање на екранот,
оштетување на уредот или експлодирање на батеријата.
Не изложувајте го уредот на директна сончева светлина подолго време (на пример, на
контролната табла во автомобилот).
Не чувајте го Вашиот уред заедно со метални предмети, како монети, клучеви и
накит
Вашиот уред може да се изгребе или да не функционира правилно.
Доколку контактите на батеријата дојдат во допир со метални предмети, може да настане
пожар.
Не чувајте го Вашиот уред во близина на магнетни полиња
Вашиот уред може да се оштети или батеријата може да се испразни од изложувањето на
магнетни полиња.
Магнетните картички, вклучувајќи ги кредитните картички, телефонските картички,
штедните книшки и картичките за интернат можат да бидат оштетени од магнетните
полиња.
Избегнувајте контакт со уредот кога се презагреал. Во спротивно, тоа може да
предизивка изгореници од ниска температура, црвенило и пигментација на кожата
Внимавајте на презагревање на уредот кога го користите подолго време и избегнувајте
долготраен контакт со кожата.
Не седете на уредот и не ставајте го во директен контакт со кожата подолго време кога се
полни или кога е поврзан со извор на напојување.
Толеранцијата на високи температури е различна кај секого. Ве молиме, бидете особено
внимателни кога го користат деца, постари лица или лица со посебни потреби.
Loading ...
Loading ...
Loading ...