User Manual - Page 152

For 0.600.8C0.970.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
152 | Македонски
u Секогаш пред употреба проверете да не е оштетено
или истрошено сечилото, носачот на сечилото или
склопката за сечење. Никогаш не работете со
оштетено или истрошено сечило.
u Дознајте како да ја запрете машината во итен случај.
u Шишајте само по дневна светлина или под добро
осветлување.
u Никогаш ме употребувајте ги ножиците со расипани
или немонтирани штитници.
u Пред да почнете со шишање проверете да се
монтирани сите рачки и штитници. Никогаш не
работете со машина која не е целосно монтирана или
на која се вршени недозволени преправки.
u Никогаш не држете ги ножиците за сечилото.
u Внимавајте при употребата на тримерот за жива
ограда, и погрижете се да стоите на сигурна подлога и
постојано одржувајте рамнотежа.
u Обрнувајте внимание на околината и бидете свесни за
евентуалните опасности кои не ги слушате поради
бучавата на машината.
u Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки,
завртки и шрафови, за безбедна употреба на
електричните ножици.
u Чувајте ја машината на суво, затворено место,
повисоко од подот и вон дофат на деца.
u Поради безбедносни причини, веднаш заменете ги
истрошените или оштетените делови.
u Не обидувате се сами да го поправате овој производ,
освен ако имате соодветна обука за тоа.
u Секогаш користете Bosch оригинални резервни
делови.
u Со цел за заштита од контакт со подвижното сечило,
тримерот е дизајниран со две рачки и на секоја од нив
има прекинувач. За тримерот да се вклучи, двата
прекинувачи мораат да се притиснат истовремено. Не
употребувајте го уредот ако тој работи кога е
притиснат само еден, или ниеден од двата
прекинувачи.
Електрична безбедност
Предупредување: Пред чистење или
редовно одржување, уредот исклучете го
од електрично напојување. Истото важи и
ако кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан.
Вашиот уред е со двојна изолација и не му е потребно
заземјување. Работниот напон е 230VAC, 50Hz (за
земји вон ЕУ 220V или 240V 50 Hz). Употребувајте само
одобрени продолжни кабли. За подетални информации
обратете се во Вашиот Бош сервис.
За подобра безбедност користете резидуален уред (РЦД)
кој се активира на отстапување од 30mA. Резидуалниот
уред треба да се проверува пред секоја употреба
Чувајте го напојниот и продолжниот кабел понастрана од
подвижните делови, за да се избегне оштетување на
кабелот и негов контакт со металните делови.
Кабелските врски (приклучник и приклучница) треба да
бидат суви и да не лежат на теренот.
Напојниот и продолжниот кабел мора редовно да се
проверуваат за евентуални оштетувања и да се користат
само кога се во беспрекорна состојба.
Ако напојниот кабел е оштетен, мора да се поправи од
страна на овластен сервис на Бош. Употребете само
одобрен продолжен кабел.
Користете само продолжни кабли кои ги задоволуваат
стандардите EN61242/ IEC61242 или IEC60884-2-7.
Ако сакате да користите продолжен кабел при употреба
на уредот, потребни ви се следните димензии на кабли:
Пресек 1,25mm
2
или 1,5mm
2
Максимална должина 30m за продолжниот кабел или
60m за кабел на навој со ФИ-заштитна склопка
Совет: Ако користите продолжен кабел, тој мора да биде
заземјен преку напојната мрежа, во склад со важечките
прописи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Несоодветните
продолжни кабли можат да бидат опасни.
Продолжниот кабел, утикачот и спојот со
продолжниот кабел мораат да бидат водоотпорни.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Ве молиме проучете ги
симболите и нивното значење. Точната интерпретација
на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го
користите уредот.
Ознака Значење
Носете заштитни ракавици
Правец на движење
Правец на реакција
Тежина
Вклучување
Исклучување
CLICK!
Чујна бучава
Забранети акции
Дополнителна опрема/резервни
делови
F 016 L94 168 | (20.01.2021) Bosch Power Tools
Loading ...
Loading ...
Loading ...