User Manual - Page 151

For 0.600.8C0.970.

Loading ...
Loading ...
Loading ...
Македонски | 151
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
u Одржување на електрични алати и дополнителна
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
u Електричниот алат, дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
u Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
u Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни правила за електричните
ножици за жива ограда
u Чувајте ги сите делови на своето тело подалеку од
сечилото. Не обидувајте се да ги отстраните
заглавените отпадоци од сечилото додека
машината е вклучена. Сечилото се движи и по
гаснењето на моторот. Еден момент на невнимание
при работа со електричните ножици за жива ограда
може да резултира со тешки повреди.
u Ножиците за режење држете ги за рачките додека
сечилото мирува и внимавајте да не го притиснете
копчето за вклучување. Внимателното држење на
ножиците го намалува ризикот од случајно
вклучување и повредите кои можат да настанат како
последица од тоа.
u Кога ги пренесувате или складирате електричните
ножици секогаш ставете ја заштитната футрола.
Внимателното ракување со машината го намалува
ризикот од повреда.
u Бидете сигурни дека прекинувачот е згаснат и
кабелот исклучен кога сакате да отстраните
заглавена пречка од уредот. Случајното вклучување
на ножиците при отстранување заглавена пречка може
да доведе до тешки последици.
u Ножиците држете ги само за изолираните рачки,
бидејќи сечилото може да дојде во контакт со
скриени жици или со сопствениот кабел. Ако
електричните ножици дојдат во контакт со жица низ
која тече струја, може да дојде до електричен удар.
u Сите струјни кабли чувајте ги понастрана од полето
на режење. Во грмушките кои ги режете може да има
скриени струјни кабли и жици и така случајно сечилото
од ножиците да дојде во контакт со нив.
u Не користете ги ножиците при невреме, особено
кога постои опасност од грмотевици. Со тоа ќе ја
намалите веројатноста да Ве удри гром.
Дополнителни сигурносни напомени
u Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со
ограничени физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на искуство и знаење, освен
ако не им се обезбедени соодветни инструкции или
надзор за употреба на машината од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Децата треба да бидат под надзор да не си играат со
уредот.
u При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и стојте стабилно. Со
електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го
држите со двете дланки.
u Проверете дали сите штитници и рачки се
монтирани на своето место кога го употребувате
производот. Никогаш не работете со машина која не е
целосно монтирана или на која се вршени
недозволени преправки.
u Подмачкувајте ја машината со спреј за
подмачкување пред секоја употреба.
u Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
u Додека ја користите машината, во круг од најмалку
3метри не треба да има луѓе и животни. Ракувачот на
машината е одговорен за безбедноста на трети лица во
нејзината близина.
u Никогаш не држете ја машината за сечилото.
u Никогаш не дозволувајте им на деца и луѓе кои не се
запознаени со овие инструкции да ја користат
машината. Локалните прописи можат да ја ограничат
возраста на ракувачот.
u Не користете ја машината кога во близина има
животни, луѓе, а особено деца.
u Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други
луѓе или имот.
u Не користете ја машината боси или со отворени
сандали. Носете крути обувки и долги пантолони. Се
препорачува носење на заштитни ракавици, очила и
обувки. Не носете лабава облека или накит, којшто
може да биде заплеткан во подвижните делови.
u Детално прегледајте ги растенијата коишто сакате да
ги шишате и отстранете ги сите жици, кабли и други
предмети.
Bosch Power Tools F 016 L94 168 | (20.01.2021)
Loading ...
Loading ...
Loading ...