Tesla Technology RH2950M1 Horizontal freezers

User manual - Page 25

For RH2950M1.

PDF File Manual, 48 pages, Read Online | Download pdf file

RH2950M1 photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
25
MK
Позиционирање
Започнување со употреба
Совети за заштеда на енергија
Пред употреба, отстранете ја целокупната амбалажа, вклучувајќи
ги перничињата на дното, подметнувачите од пена и лентите во
рамки на уредот; одлепете го заштитниот филм од вратата и телото
на уредот.
Замрзнувачот поставете го на добро проветрено и затворено
место; подлогата треба да биде рамна и цврста.
Држете го подалеку од топлина и избегнувајте директна изложеност
на сонце. Не го поставувајте на влажни места како би спречиле
формирање ‘рѓа или намалување на изолацискиот ефект.
За да овозможите оттргнување на топлината, просторот над горната површина на замрзнувачот
треба да биде поголем од 70 cm, а растојанието од обете страни и меѓу задниот дел на уредот и
ѕидот треба да биде поголем од 20 cm.
При првото вклучување, пред првото приклучување на струја, замрзнувачот треба да отстои
половина час.
Пред во него да ставите свежа или замрзната храна, замрзнувачот би требало да работи 2 до 3
часа; со оглед на зголемената надворешна температура во лето, во тој период уредот треба да
работи над 4 часа пред да се стави храна во него.
Уредот треба да го поставите во најстудениот дел од просторијата, подалеку од уреди кои
создаваат топлина или од грејни канали, како и од директни сончеви зраци.
Пред да ја ставите во уредот, жешката храна оставете ја да се излади до собна температура.
Преполнувањето на уредот го приморува компресорот да работи подолго. Храната која се
замрзнува премногу бавно може да изгуби од квалитетот или да се расипе.
Погрижете се, пред ставање во уредот, храната да ја завиткате на соодветен начин и садовите да
ги избришете така што ќе бидат суви. На овој начин го редуцирате формирањето иње во рамки
на уредот.
Фиоката за складирање на храна во уредот не треба да ја обложувате со алуминиумска
фолија, хартија за печење или хартиени салфетки. Материјалите за обложување влијаат врз
циркулирањето на ладниот воздух, што ја намалува ефикасноста на уредот.
Организирајте ја и обележете ја храната како поретко би ја отворале вратата на уредот и
пократко би ја барале храната. Одеднаш извадете сѐ што ви е потребно и затворете ја вратата
што е можно побрзо.
За да го подобрите ефектот на ладење и заштеда на енергија, редовно чистете ја прашината зад
замрзнувачот и на подлогата. За да избегнете создавање непријатна миризба, редовно чистете
ја внатрешноста на уредот. За чистење се препорачуваат мека крпа или сунѓер натопени во вода
со некорозивен неутрален детергент. На крајот на постапката, внатрешноста на уредот треба да
се помине со чиста вода и сува крпа. Пред вклучување во струја, отворете ја вратата на уредот,
како природно би се исушил.
Не користете тврди четки, жици за чистење, жичени четки, абразивни средства како паста
за заби, органски растворувачи (како алкохол, ацетон, масло од банана итн.), зовриена вода,
кисели или алкални средства при чистење на уредот со оглед дека наведените средства може
да ги оштетат површината и внатрешноста на замрзнувачот.
Не плакнете со вода како не би ги оштетиле материјалите кои нудат електрична изолација. При
чистење на копчето за контрола на температурата и електричните компоненти користете сува
крпа.
ОДРЖУВАЊЕ НА ЗАМРЗНУВАЧОТ
Чистење
При одмрзнување и чистење, исклучете го уредот од струја.
Loading ...
Loading ...
Loading ...