Tesla Technology RH2950M1 Horizontal freezers

User manual - Page 23

For RH2950M1.

PDF File Manual, 48 pages, Read Online | Download pdf file

RH2950M1 photo
Loading ...
Loading ...
Loading ...
23
MK
Предупредувања во врска со содржината во уредот
За да спречите оштетувања на уредот или појава на пожар, во замрзнувачот не ставајте
запаливи, експлозивни и испарливи средства, ниту предмети кои кородираат.
За да избегнете појава на пожар, не ставајте запаливи предмети близу замрзнувачот.
Овој производ е замрзнувач наменет за употреба во домаќинствата и погоден е исклучиво
за чување на храна. Според националните стандарди, замрзнувачот наменет за употреба во
домаќинствата не смее да се користи во никакви други цели, какви што се складирање на крв,
лекови или биолошки производи.
Во замрзнувачот не ставајте предмети какви што се флаширани течности или течности во
запечатени садови, од типот на флаширани пива и пијалаци, како би избегнале нивно пукање и
различни штети.
1. Замрзнувачот можеби нема да работи воедначено ако во текот на подолг временски период
се држи на температури пониски од најниските вредности на температурен опсег за кои е
направен уредот.
2. Газираните пијалаци не треба да се чуваат во преградите или витрините за замрзнување на
храна, ниту во преградите или витрините со ниска температура, а некои производи, како што е
ледот, не треба да се консумираат кога се претерано ладни.
3. Не треба да се надмине периодот на чување препорачан од страна на производителот
на храна за кој било тип на храна, а посебно за комерцијалната брзо замрзната храна во
замрзнувачот и во складишните прегради или витрините со замрзната храна.
4. Неопходно е да се применат мерки на претпазливост за спречување на преголемо загревање
на замрзнатата храна при одмрзнување на уредот, од типот на завиткување на замрзнатата
храна во неколку слоеви хартија.
5. Загревањето на замрзната храна при рачно одмрзнување, одржување или чистење може да го
скрати рокот на траење на храната.
6. Клучевите кои се користат за вратата или поклопките со брави и клучеви, треба да се држат
подалеку од дофат на деца, а не во близина на уредот, како би се спречило заклучување на
деца во уредот.
Предупредувања во врска со потрошувачката на енергија
Предупредувања во врска со одложувањето
Средството за ладење и пенливото средство циклопентан, кои се употребуваат во
фрижидерот, се запаливи. Затоа, при одложување на фрижидерот, држете го подалеку
од извори на пламен и, наместо да го одложите со согорување, предајте го на некоја
специјализирана компанија со соодветни квалификации која ќе овозможи негова повторна
употреба, бидејќи на тој начин ќе ги спречите штетните ефекти по животната средина или
други опасности.
Отстранете ги вратата и полиците на замрзнувачот, кои треба правилно да ги одложите
како би избегнале несреќи што вклучуваат влегување на деца во замрзнувачот и играње со
замрзнувачот.
Правилно одложување на овој производ:
Оваа ознака укажува дека производот не треба да се одложува заедно со
останатиот отпад од домаќинството. Како би спречиле потенцијални штети
по животната средина и здравјето на луѓето настанати со неконтролирано
одложување на отпадот, одговорно рециклирајте го со што би ја промовирале
одржливата повторна употреба на материјалните ресурси. Ве молиме својот
половен уред да го вратите по пат на системот за враќање и собирање на отпад
или да ја контактирате продавницата во која сте го купиле производот. Со тоа,
производот може да се рециклира на начин кој е безбеден по животната средина.
Loading ...
Loading ...
Loading ...