Loading ...
Loading ...
Loading ...
95
MK
Подготовка и распоредување на садовите во машината
Водете сметка да купувате садови кои може да се перат во машина за перење садови.
При перење одредени предмети, изберете програма со најмала можна температура.
За да спречите оштетувања, немојте да ги вадите чашите и приборот за јадење од машината веднаш по
завршување на програмата на перење.
Следниот тип на прибор за јадење/садови
не е погоден за перење:
Прибор за јадење со дрвени, порцелански или седефни дршки
Пластични предмети кои не се отпорни на високи температури
Постар прибор за јадење со залепени делови кои не се отпорни на високи температури
Лепен прибор за јадење или садови
Садови од легури на калај и олово или од бакар
Кристални чаши
Садови од челик подложен на ‘рѓосување
Дрвени овални садови
Садови од синтетички влакна
е делумно погоден за перење:
Некои видови чаши после поголем број циклуси на перење може да го изгубат сјајот
Деловите од сребро и алуминиум обично ја менуваат бојата во тек на перењето
Доколку често се перат во машина, глазираните елементи може да потемнат
Препораки за распоредување на садовите во машината
Отстранете ги крупните парчиња преостаната храна. Омекнете ги остатоците од загорена храна во тавите.
Не е неопходно да ги исплакнете садовите со проточна вода. За најдобра ефикасност на машината за
перење садови, следете ги следните насоки за распоредување на садовите во машината.
(Карактеристиките и изгледот на корпите може да се разликува од корпите во Вашиот модел.)
Предметите распоредете ги во машината за перење садови на следниот начин:
Садовите како шолји, чаши, тенџериња, тави итн. поставете ги во обратна положба.
Закривените садови и садовите со непристапни делови треба да се постават дијагонално, со цел водата
непрекинато да се слева.
Комплетниот прибор треба да се постави така што ќе биде стабилен и нема да се преврти.
Kомплетниот прибор треба да биде поставен така што рачката на прскалката ќе може слободно да се движи.
Шупливите садови како шолји, чаши, тави итн. поставете ги така што отворот ќе биде свртен кон долу, за
водата да не се собира во садот или длабокото дно.
Садовите и приборот за јадење не смее да се поставуваат едни до други и да се попречуваат едни со други.
За да избегнете оштетување на чашите, водете сметка да не се допираат меѓусебно.
Горната корпа е предвидена за поделикатни и полесни садови, од типот на чаши и шолји за кафе и чај.
Ножевите со долги сечила поставени во исправена положба претставуваат потенцијална опасност!
Долгите и/или остри парчиња прибор за јадење, од типот на ножеви за сечење, мора да се постават во
горната корпа, во хоризонтална положба.
Немојте претерано да ја оптоварувате машината за перење садови. Постојат добри причини за да го
следите овој совет, а една од нив е и разумната потрошувачка на енергија.
ЗАБЕЛЕШКА
Исклучително мали предмети не треба да перете во машината, бидејќи може лесно да испаднат од корпата.
Вадење на садовите
За да спречите капење вода од горната врз долната корпа, Ви препорачуваме најпрво да ја извадите
содржината на долната, а потоа на горната корпа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Садовите се врели! За да не дојде до оштетувања, почекајте да поминат околу 15 минути од
завршување на програмата, па тогаш извадете ги чашите и приборот за јадење од машината.
Loading ...
Loading ...
Loading ...