Loading ...
Loading ...
Loading ...
81
MK
Позиционирање на уредот
Поставете го уредот на посакуваното место. Задниот дел на уредот треба да се потпира на ѕидот зад него,
а страничните делови треба да бидат израмнети со околните кујнски елементи или ѕидови. Машината за
перење садови е опремена со доводни и одводни црева за вода кои може да се постават или од левата
или од десната страна, со што се олеснува правилното поставување.
Нивелирање на уредот
Кога уредот е поставен за нивелирање, висината на
машината можете да ја промените со нагодување на
висината на шрафовите на ногарките. Во секој случај,
уредот не треба да се навалува во положба под агол
поголем од 2°.
ЗАБЕЛЕШКА
Primenjuje se isključivo na samostojeće mašine za pranje
sudova.
Поставување на самостоечки уред
Поставување помеѓу постоечки кујнски елементи
Висината на машината за перење садови, која изнесува
845 mm, дизајнирана е така да овозможи нејзино
поставување помеѓу постоечки кујнски елементи, кои
во модерните кујни изработени по мерка ја имаат
споменатата висина. Ногарките може да се нагодат за да
ја достигнат соодветната висина. Ламинираниот горен
дел на машината не бара посебно одржување, бидејќи е
отпорен на топлина, гребаници и дамки.
Под постоечка работна површина
(кога уредот се поставува под работна површина)
Повеќето модерни кујни изработени по мерка имаат една
единствена работна површина, под која се поставуваат
кујнските елементи и електрични уреди. Во овој случај,
тргнете ја работната површина на машината за перење
алишта така што ќе ги отшрафите завртките кои се наоѓаат
на задниот раб на горната површина (a).
ВНИМАНИЕ!
По отстранување на горната работна површина, завртките
МОРАТЕ повторно да ги прицврстите на делот под задниот
раб на горната површина (b). Висината на уредот така ќе се
намали на 815 mm, како што е наведено во Меѓународните
уредби (ISO), а машината за перење садови совршено ќе се
вклопи под кујнската работна површина.
Поставување на вграден уред (кај интегрирани модели)
Чекор 1. Избор на најдобра локација за машината за перење садови
Машината за перење садови треба да биде поставена во близина на постоечките доводни и одводни
црева и приклучен кабел.
Илустрација на димензиите на кујнските елементи и местото за поставување на машината за перење садови.
Loading ...
Loading ...
Loading ...