Loading ...
Loading ...
Loading ...
74
MK
УПОТРЕБА НА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ САДОВИ
Пред да почнете да ја користите машината за перење садови:
ЗАБЕЛЕШКА
Доколку е потребно да го нагодите омекнувачот за вода, погледнете го одделот 1 „Омекнувач на вода“, кој
се наоѓа во ДЕЛ II: Упатство за одредени модели.
Ставање сол во омекнувачот
Unutra Spolja
ЗАБЕЛЕШКА
Доколку во рамки на Вашиот модел на машина не се употребува омекнувач на вода, може да го
прескокнете овој оддел. Секогаш користете сол која е наменета исклучиво за машини за перење садови.
Садот за сол се наоѓа под долната корпа, а се полни на начин прикажан подолу во текстот:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Користете исклучиво сол која е посебно произведена за машини за перење садови!
Секој друг вид на сол, која не е посебно произведена за машина за перење садови, а особено готварска
сол, ќе го оштети омекнувачот на вода. Во случај на оштетувања настанати од употреба на несоодветна
сол, производителот не нуди никаква гаранција, ниту е одговорен за какви било настанати оштетувања.
Сол се дополнува исклучиво непосредно пред машината да го започне циклусот на перење.
На тој начин ќе спречите задржување на потенцијално истурени зрна сол или солена вода на дното од
машината во текот на одреден временски период, што може да доведе до ‘рѓосување
Следете ги следните чекори за да додадете сол во машината за перење садови:
1. Тргнете ја долната корпа и отшрафете го капакот
на резервоарот.
2. Ставете го долниот дел на инката (се доставува
со производот) во отворот и сипете околу 1,5 kg
сол за машина за перење садови.
3. Дополнете го садот за сол со вода до неговата
максимална граница. Притоа е вообичаено од
садот за сол да се истури помала количина на
вода.
4. Откако ќе го наполните садот, повторно ставете
го капакот и добро зашрафете го.
5. Откако ќе сипете сол во садот, ламбата за
предупредување за количината на сол ќе
престане да свети.
6. Некои од програмите за перење би требало да
се вклучат веднаш по ставањето сол во садот
за сол (Предлагаме употреба на некоја од
пократките програми). Во спротивно, солената
вода би можела да го оштети системот за
филтрирање, пумпата или други важни делови
на машината. Во тој случај, гаранцијата не важи.
1. Нагодете го омекнувачот на вода
2. Ставете сол во омекнувачот
3. Распоредете ги садовите во корпата
4. Наполнете го садот за детергент / средство за
плакнење
Loading ...
Loading ...
Loading ...