Loading ...
Loading ...
Loading ...
32
MK
ЗАПОЗНАВАЊЕ СО ПРОИЗВОДОТ
Поглед од горе
Теорија на работа
Контролна табла
1. Зона со Max. 2000 W
2. Зона со Max. 1500 W
3. Стаклена плоча
4. Тастер за вклучување/
исклучување
5. Контролна табла
1. Тастер за вклучување/исклучување
2. Тастер за регулирање на јачина/време
3. Тастер за избор на зона за загревање
4. Контрола на време (тајмер)
5. Главен тастер за заклучување
345 12
Индукционото готвење е сигурна, ефикасна и
економична технологија на готвење. Начинот
на работа е таков да електромагнетните
вибрации генерираат топлина директно на
долниот дел од садот за термичка обработка
на храната, наместо индиректно преку
загревање на стаклената површина. Стаклото
постанува топло само доколку го греете
долниот дел од садот за термичка обработка
на храна.
Опасност од исекотини
Врвот од сечилото за стругање на плочата за готвење се
открива кога безбедносната маска е отстранета. Користете
го многу внимателно и секогаш чувајте го вон дофат од
децата.
Невнимателноста може да доведе до повреди или
исекотини.
Важни безбедносни упатства
Никогаш не го оставајте уредот без надзор кога го
користите. Вриењето може да предизвика дим и мастна
изливна содржина која може да се запали.
Никогаш не го употребувајте својот уред како работна
површина или површина за одложување.
Никогаш не оставајте било каков предмет или прибор на
уредот.
Не оставајте или одложувајте никакви магнетизирани
предмети (на пр. кредитни картички или мемориски
картички) или електронски уреди (на пр. компјутери, МР3-
плеери) во близина на уредот, бидејќи магнетното поле
може да влијае на нив.
Никогаш не го корисите уредот за загревање или греење
на простории.
По употреба, секогаш исклучете ја зоната за готвење и
плочата за готвење како што е опишано во ова упатство
(тн. користење на контрола на допир). Не се потпирајте
на функцијата за препознавање на садови поради
исклучувањето на зоната за готвење кога ќе го тргнете
садот за термичка обработка на храната.
Не дозволувајте децата да си играат со уредот или да
седат на него, да стојат или да се качуваат на него.
Предметите кои се занимливи за децата не ги чувајте во
ормарите над уредот. Децата кои се качуваат на плочите за
готвење може да се повредат.
Не ги оставајте децата сами или без надзор во просторот
каде што се користи уредот.
Децата или личности со инвалидитет кои ја ограничува
нивната способност да го користат уредот треба да имаат
одговорна и компетентна личност која ќе ги упати во
тоа како се користи уредот. Инструкторот треба да биде
убеден дека тие можат да го користат уредот без опасност
по нив или нивната околина.
Немојте да го поправате или менувате било кој дел од
уредот, освен ако тоа не е посебно препорачано во
упатството. Секоја друга поправка треба да ја изврши
квалификуван техничар.
Немојте да ставате или спуштате тешки предмети на
својата плоча за готвење.
Немојте да стоите на својата плоча за готвење.
Немојте да користите садови со груби краеви или да ги
влечете по површината на индукциното стакло, бидејќи
може да се изгребе стаклото.
Не користете жица или било кое абразивно средство за
чистење како би ја исчистиле својата плоча за готвење,
бидејќи може да се изгребе индукционото стакло.
Уредот е наменет за употреба во домаќинство и за слична
намена, како што се: кујни за вработени во продавници,
канцеларии и други работни опкружувања: селски
домаќинства, гости во хотели, мотели и други објекти, за
сместување – објекти кои нудат преноќување со доручек.
ВНИМАНИЕ: уредот и неговите пристапни делови
стануваат топли во текот на употреба.
Треба да се погрижите да избегнувате допир со заграни
елементи.
Уредот треба да биде надвор од дофат на деца помлади
од 8 години, освен ако не се под постојан надзор.
метален сад
магнетно поле
керамичка стаклена плоча
индукционен навој
индуцирана струја
Loading ...
Loading ...
Loading ...